Нов софтвер на ДУНА, изработен во соработка со меѓународни експерти
Објавено во: Мои пари 22 Јули, 2016 14:51
По повеќе од двегодишен развој и дизајн, на кои ДУНА посветено работеше заедно со интернационален тим на соработници и експерти, горди сме и задоволни што можеме да го најавиме нашиот нов производ и да ја презентирме нашата нова услуга – ULTIMA WIN софтверот!
ULTIMA WIN е софтвер за земјоделство кој што, пред сè, е фокусиран на зголемување и имплементација во иновативна ICT платформа која што овозможува проактивност во однос на наводнувањето, бербата и менаџирањето на прскањето (користење на пестициди) врз земјоделските култури. Резултатот се сведува на постигнување на контролирано и одржливо одгледување и производство на земјоделските култури, притоа намалувајќи ги секојдневните оперативни трошоци. ULTIMA WIN е базирана на софтверска и хардверска инфраструктура за „паметно собирање, процесирање и користење на податоци “во било кое време и на било кое место, користејќи паметни подвижни уреди.
Денес, земјоделците повеќе од претходно се свесни за економската загуба од неправилното менаџирање на водата, неефикасното и неефективното третирање на земјоделските култури со хемиски средства (прскање) и намалениот квалитет на бербата и земјоделските производи. “Досегашните првични тестирања покажаа дека земјоделците во ULTIMA WIN препознаваат софтвер кој што ќе го зголеми квалитетот и квантитетот на бербата и ќе осигура проактивен менаџмент преку оптимизирано користење на ресурси: хемиски средства, пестициди и вода, во смисла на намалување на трошоците. Истото ќе се постигне преку употреба на бази на податоци за историски информации и идни предвидувања за почвата, растенијата, воздухот и останати видови на значајни податоци за соодветниот тип на земјоделска култира. Со користење на софтверот земјоделците ќе можат прецизно да предвидуваат, да превземаат соодветни мерки и да донесуваат квалитетни одлуки за спроведување на вистинските активности во вистинско време”,вели Коце Петров, Технички директор на Дуна Компјутери.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?





