Нов тренд: Девојчиња бомбаши самоубици
Објавено во: Свет 23 Февруари, 2015 10:00
Девојче за кое се верува дека не се постаро од осум години, умрело бидејќи било присилено да изведе самоубиствен бомбашки напад во Нигерија, соопштуваат Ројтерс.
Во експлозијата умреле уште пет луѓе, а десетина се повредени. Се верува дека за нападот е одговорна терористичката организација Боко Харам, пренесува Русија тудеј.
Нападот се случил на пазар во градот Потискум на североистокот од земјата.
Бомбата е детонирана од девојче додека со експлозивот стоела во близина на контролата за влез на пазарот.
Иако до сега никој не ја превзема одговорноста за овој напад, се верува дека е поврзан со џихадистичката група Боко Харам, која од неодамна користи деца за самоубиствени нападаи во Нигерија.
Во јануари на пазарот во градот Маидугури десетгодишно девојче со далечинско е дигнато во ваздух и во таа прилика настрадале најмалку 20 луѓе.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




