Нов учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност
Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2016 14:15
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 101-вата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Елизабета Чингаровска на "Шпаркасе Банка Македонија" АД Скопје ѝ даде дозвола да основа Одделение за работи со хартии од вредност. Со Одделението во наредните три години ќе раководи Драган Илкоски. Одделението за работи со хартии од вредност ќе ги врши сите услуги со хартии од вредност. И тоа:
-купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот;
-купување и продавање на хартии од вредност по налог и за своја сметка;
-управување со портфолио на хартии од вредност;
-вршење на активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за јавна понуда на хартии од вредност;
-дејствување како покровител при котација;
-инвестициско советување;
-активности за сметка на трети лица за преземање на акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва;
-чување на хартии од вредност;
-прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност и
-вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.
„Шпаркасе Банка Македонија" АД Скопјепреку Одделението за работи со хартии од вредност ќе биде 11-ти овластен учесник на нашиот пазар на хартии од вредност. На седницата што се одржа денеска на 21 ноември, 2016 година, КХВ обнови една дозвола за брокер и издаде една лиценца за инвестициски советник.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




