НОВ УРАГАН КОН АМЕРИКАНСКИОТ БРЕГ: Сите се во паника
Објавено во: Свет 05 Октомври, 2017
Уште еден ураган викендов ќе го зафати американскиот брег, при што ќе бидат погодени Алабама и Флорида.
Ова се случува по неколку недели откако ураганите Ирма и Марија оштетија делови од САД.
Ураганот Харви помина низ Тексас и предизвика поплави како оние од 2012 година кога американскиот брег го зафати ураганот Сенди.
Скоро половина Порторико беше повеќе од недела дена без струја, а луѓето немаа пристап до вода и храна.
Оксфам интернешнл, организација која помага на сиромашните укажува на несоодветен одговор на американската влада.