НОВ ВИД НА КОРОНАВИРУС ВО АНГЛИЈА? - не е поопасен, само се шири побрзо
Објавено во: Свет 15 Декември, 2020
Се појавуваат ли нови поголеми тешкотии за светот. Ова прашање се поставува откако над илјада случаи на инфекција со новата варијанта на коронавирус се откриени во последните неколку дена во Англија, претежно на југот на земјата. Таму, како што вчера изјави министерот за здравство на таа земја, Мет Ханок, бил забележан скок на бројот на заразени. Според него, Светската здравствена организација е известена и дека се работи на детални студии на случај.
Како што изјавил министерот за здравство, ништо не сугерира дека новиот вид предизвикува потешки форми на болеста или дека вакцината нема да биде ефикасна и за овој вид. „Првичната анализа сугерира дека оваа варијанта расте побрзо од постојните“, додаде тој. Според него, минатата недела имало нагло, експоненцијално зголемување на новите случаи во Лондон, Кент, делови од Есекс и Хертфордшир.„Не знаеме до кој степен брзиот раст е резултат на нов вид на вирус, но без оглед на причината, треба да преземеме брза и одлучна акција. Апсолутно е потребно да се контролира оваа смртоносна болест се додека не ја направиме вакцината”, рече тој.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера во интервју за Сител телевизија рече дека од почетокот на пандемијата се бориме со непознат вирус, а она што треба да се утврди е дали кај нас го има присутен овој митуран вирус. Тоа, според министерот, ќе треба да го покажат анализите, кои се прават во лабораторија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.