Нов Зеланд бара работници, за потенцијалните вработени има и куќи
Објавено во: Свет, Финансии 03 Јули, 2016 11:27
Нов Зеланд бара работници, а за потенцијалните вработени има и куќи.
Меѓутоа од градската управа демантираат дека ќе им платат на луѓето да се преселат.
Калтангата е место на југот на Нов Зеланд, со 800 жители и околу 1000 празни работни места претежно во земјоделскиот сектор.
Градот очајно бара работници, а има и празни куќи каде тие би можеле да бидат сместени.
Брајан Кадогена, градоначалник вели дека се работи за работни места кои се добро платени. Станува збор за работа во пилана, производство на млечни производи, сирење и слично.
Иако во многу медиуми се појавија информации дека ќе се плаќа за да се доселат луѓе по 230.000 долари, сепак од општината велат дека таква сума не се нуди. По ваквите објави добиле повици од луѓе од целиот свет, кои сакаат под тие услови да се доселат.
Сепак градот со раширени раце очекува потенцијални кандидати за работа, а платата е во просек 2.800 евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





