Нов земјотрес стресе во Македонија
Уште еден земјотрес по полноќ ја потресе Македонија.
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2016
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала е почуствуван по полноќ во Македонија.
Епицентарот бил на 15 километри од Пехчево на длабочина од 1 километар, пренесе, Европскиот сеизмолошки центар.
Последниот месец земјата се соочи со повеќе потреси, што предизвика паника и страв кај населението.
Земјотреси имаше и пошироко на Балканот.
Деновиве земјотреси се регистрирани во Србија, Бугарија и Грција.