18 Декември, 2025
0.1201

Бугарска компанија стана главна во снабдувањето со гас на фабриките од слободните индустриски зони

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

„Болкан газ нет“ е бугарската компанија која во последно време како новоформирана во земјата го презеде приматот во снабдувањето сo прирден гас на фабриките на инвеститорите во слободните индустриски зони.

Инаку целиот овој систем функционира како посебен, а гасот го купува Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, по што им го наплатува на производителите на кои им е потребен за работа.

Од јавно достапните податоци може да се види дека од ноември лани па до сега „Болкангазнет“ речиси секој месец добива исплати за снабдувањетоо со природен гас на индустриските зони и тие достигнуваат до 350.000 евра месечно.. До оваа година традиционално оваа услуга со години ја вршеше „Макпетрол“.

Лани Дирекцијата за ТИРЗ, според податоците на операторот со системот за пренос на гас „Номагас“, пренел повеќе од 36 милиони киловатчасови од ова гориво и е четврт најголем доставувач во земјата по гасната централа ТЕ-ТО, Макпетрол со фирмата ќерка „Промгас“ и АД ЕСМ со топланите во Скопје.

„Ние гасот го купуваме секој месец однапред според пропишана процедура по доставени понуди и ја одбираме најниската цена за Kwh. За нас е прифатлива понудата која има најниска цена за киловатчас, ни изјави Гоце Димовски, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ:" ни изјави Гоце Димовски, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ:

Од Дирекцијата додаваат дека оваа компанија не е единствената која ги добива повиците, туку и тоа дека конкурентот Макпетрол Промгас во некои месеци (јануари, јуни, август, октомври) доставува согласно најниската понудена цена

„БОЛКАНГАЗНЕТ ДОО врши продажба на природен гас на домашниот и регионалниот пазар. Со пристап до европски гасни хабови и договори со странски снабдувачи, компанијата овозможува сигурен проток на енергија за индустриски и комунални потреби. Гасот се испорачува преку постојните гасоводни системи со целосна усогласеност со техничките и еколошките стандарди“, пишува за оваа компанија која има сопствена веб-страница во Македонија.

Бугарската асоцијација за гас во Скопје во 2022 ја регистрираше својата компанија „Болкангазнет Доо“ со дејност „трговија на гас преку дистрибутивните системи“.  Компанијата експресно доби лиценца за трговија со природен гас од Регулаторната комисија за енергетика, а следната година и за снабдување. Лани овој нов снабдувач прикажал промет од само 13 милиони денари

Неодамна Јавното претпријатие Куманово-гас од Куманово склучи договор за набавка на природен гас со Болкангазнет во вредност од 35.400.000 денари или 575.610 евра.А.К.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје