28 Октомври, 2024
0.0358

Оливер Спасовски: Кога ја слушнав изјавата на Мицкоски за Преспанскиот договор мислев дека е погрешно пренесена

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник на СДСМ, Оливер Спасовски, во поткастот во кој гостуваше за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Преспанскиот договор е маестрално ремек-дело рече дека првин си помислил дека е погрешно пренесена.

„Кога пред граѓаните ќе излезете со став дека договорот со Бугарија ќе биде целосно суспендиран, дека ќе направите промена на преговарачката рамка, а Преспанскиот договор не е завршена работа, сега треба да ги видиме предлозите кои ги ветуваше Владата на ДПМНЕ. Но, наместо тоа, слушаме изјава на премиерот Мицковски кој вели дека Преспанскиот договор е маестрално ремек-дело во надворешната политика.

После онаа хистерија која ја креваше ДПМНЕ со ’никогаш Северна‘, сега Преспанскиот договор е ремек-дело во политиката. И јас кога ја слушнав изјавата ми беше многу нејасно и помислив дека е погрешно пренесена. Не ми беше верно дека можам да слушнам дека преспанскиот договор, не само што нема да биде променет, не само што нема да биде вратено уставното име, туку дека тоа е ремек-дело на надворешна политика. И тоа значи признание на надворешната политика која се водела тоа време и признание кон луѓето кој ја водеа тогаш“, рече поранешниот технички премиер.

Спасовски рече дека премиерот се пишмани да го испрати писмото до ЕУ, во кое ќе каже кои се нашите барања како држава и кои се црвени линии, бидејќи како што вели тој, актуелната власт немала никаков план за евроинтеграциите.

„Се сомневам во некаков план или решение од ДПМНЕ. До сега јасно се покажа дека оваа Влада нема ниту план ниту идеја за многу прашања кои беа отворени. Во однос на разговорите за преговарачката рамка, тука јасно се пратени сигнали од ЕУ. Овде нема никакво отстапување, но сепак, можеби државниот врв знаат нешто повеќе од нас и тоа треба да го кажат, доколку имаат некаков план или механизам за решение. Затоа и СДСМ побараа затворена седница каде ќе ги изнесат сите аргументи и факти. Во спротивно, ова е чиста лага и манипулација која се случува.

Мицковски вети пред граѓаните дека постои механизам за подобар договор со Бугарија од тој што имаше СДСМ, па сега конечно ДПМНЕ треба да каже кој се тие подобри решенија за кој зборуваше пред да дојдат на власт.“, додаде тој.


Можеби ќе ве интересира

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„ЗАКАНА ЗА МИРОТ, СТАБИЛНОСТА, МЕЃУЕТНИЧКАТА ХАРМОНИЈА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Амети со писма лидерите во соседството и светот

„ЗАКАНА ЗА МИРОТ, СТАБИЛНОСТА, МЕЃУЕТНИЧКАТА ХАРМОНИЈА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Амети со писма лидерите во соседството и светот

„ИЗЕТ МЕЏИТИ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА ВЛАДИНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ ЗА ПАРТИСКИ СОСТАНОЦИ“: Алијанса на Албанците бара реакција од ДКСК

„ИЗЕТ МЕЏИТИ ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА ВЛАДИНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ ЗА ПАРТИСКИ СОСТАНОЦИ“: Алијанса на Албанците бара реакција од ДКСК

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ СО ПРЕКРАСНА ВЕСТ - по трет пат татко

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ СО ПРЕКРАСНА ВЕСТ - по трет пат татко