Нова форензичка лабораторија доби МВР
Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2013 15:30
-Оваа лабораторија се уште е во својот развој, а развојот на информатичката технологија доведе до појава на различни видови уреди и медиуми неопходни за анализа,изјави Катерина Јовановска, раководител на отсекот за информатичко-криминалистички испитувања во делот за криминалистичка техника при МВР. Таа смета дека е потребно лабораторијата континуирано да се развива не само со набавка на хардверски и софтверски компоненти, туку и со обука на кадри. Се очекува во иднина лабораторијата да прерасне во акредитирана лабораторија на ниво на оние кои работат во останатите европски земји.
Отсекот за информатичко-криминалистички испитувања во МВР врши анализа на компјутерска опрема што е предмет на кривични дела. Целта на овие анализи е да се пронајдат електронските докази, да се интерпретираат пред судските органи за нивна понатамошна постапка.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




