Нова група на волонтери на Мировен Корпус положи заклетва
Објавено во: Мои пари 06 Декември, 2024 16:06
Денес, 36 американски волонтери на Мировниот корпус во
Северна Македонија положија свечена заклетва. Овие Американци и се приклучија на групата од
повеќе од 900 американски граѓани кои служеле како волонтери во нашата земја од 1996 година
па натаму. Волонтерите во Мировниот корпус имаат работено во речиси сите општини во Северна
Македонија соработувајќи со наставници, ученици, и организации.
На церемонијата присуствуваа амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер,
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Министерот за локална самоуправа, Зоран
Перински, како и претставници на општините, директори на училишта и други соработници.
Присутни беа и семејствата-домаќини на волонтерите со кои живееја 3 месеци за време на
обуката и соработниците со кои ќе соработуваат кога ќе ја започнат својата двегодишна служба
во сабота, 7ми декември.

„Волонтерите го претставуваат најдоброто од она што Америка му го нуди на светот, а што е уште
поважно, тие со себе назад ќе го однесат најдоброто од она што Северна Македонија му го нуди
на светот. Тие градат мостови меѓу луѓето од нашите две држави кои траат со години и
продолжуваат да постојат дури и кога волонтерите ќе завршат со својата служба.“, рече
амбасадорката Ангела Прајс Агелер.





Како дел од подготвителната обука, волонтерите живееја во семејства-домаќини изучувајќи го
македонскиот и албанскиот јазик и културата. Тие имаа можност и за практична обука предавајќи
во локалните училишта и помагајќи во локалните невладините организации.
„Кога Џон Кенеди го основаше Мировен корпус во 1961, тој побара од Американците да посветат
две години од нивните животи да служат за поголема цел, цел за мирен свет и да покажат дух за
служба. Повеќе од 240.000 Американци одговорија на неговиот повик за служба. Денеска ќе
додадеме 36 нови имиња на таа листа”, изјави директорот на Мировниот корпус во Северна
Македонија, Дејвид Рисајд.
Мировниот корпус има три цели: да им помогне на земјите коишто имаат потреба од
квалификувани лица што ќе обезбедуваат техничка помош, да помогнат во промовирањето
подобро разбирање на американскиот народ преку волонтерите и да споделат информации за
заедниците и земјите каде што живеат и работат волонтерите со американските заедници и
семејства. Преку овие активности, волонтерите на Мировниот корпус работат на зајакнување на
мирот во меѓународната заедница и подобро разбирање меѓу луѓето од различни култури и
традиции.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




