19 Декември, 2025
0.0431

НОВА ПОДДРШКА: Прогласот за семакедонско обединување го потпиша и огранокот на Партијата на слободата за Мала Преспа

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2024 18:04

Добивај вести на Viber

Прогласат на организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија - друштво „Преспа“  за семакедонско помирување и обединување го поддржа и огранокот за Мала Преспа, на Партијата на слободата на поранешниот претседател Илир Мета.

Потпис врз документот стави локалниот партиски лидер Панди Јани, познат активист за правата на Македонците.

- Обединувањето на Македонците во Албанија станува реалност. Панди Јани докажан борец, млад, енергичен и секогаш на вистинска македонска страна. Го поддржа и потпиша прогласот на друштвото „Преспа“ во име на огранокот за Мала Преспа на Партијата на Слободата, стои во објавата на друштвото.

Претходно Прогласот го потпишаа Никола Ѓурѓај, претседател на МД „Илинден“ - Тирана и Бесник Хасани на МД „Мост“ - Голо Брдо.

Од друштвото информираат дека почнале со одржување средби со Македонците за да ги запознаат со новата стратегија на делување и формирање одбори на друштвото.

- Средба одржавме со жителите на селото Туминец на која ги презентиравме целите, задачите и новата стратегија за понатамошно делување на организацијата. Исто така, беше конституиран и одборот за село Туминец, додаваат од друштвото.

На средбата присуствувале првиот човек на друштвото, Едмонд Темелко, како и членовите Спиро Малевски, Елеонора Мазенковска, Ѓорѓи Андон и Маријана Терпо.

- Тие го изнесоа ставот дека единството на Македонците е од суштинско значење во битката за правата на Македонците и заштита на нивниот национален идентитет, јазик, култура традиции. Обединети и единствени сме посилни, порачале на средбата. 

Фото: Друштво „Преспа“

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот