Добивај вести на Viber
Одобрена е новата транша помош за Грција во износ од 2,26 милијарди долари. Ваквата одлука на Советот на директори Меѓународниот монетарен фонд е донесена по третата анализа за исполнување на антикризната програма од страна на Грција, прифатена на 15 март 2012 година.
Со ова, оттогаш до сега Грција добила околу 6,57 милијарди евра кредит од ММФ. Антикризната програма се исполнува заедно со државите од еврозоната во чии рамки, Грција за 4 години се надева дека ќе добие околу 173 милијарди евра помош.