НОВА ПОНУДА НА MaxTV: Најдобрите тв пакети 6 месеци бесплатно
Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2015 14:04
Понудата важи за сите нови корисници на 3 Max, 3 Max Optic и Family box.
Македонски Телеком креираше нова понуда со која корисниците добиваат врвнокорисничко искуство со најдобрата дигитална телевизија. Во рамките на понудата, корисниците ќе можат да уживаат во MaxTV и да ги следат најатрактивните спортски и филмски тв канали 6 месеци бесплатно.
Понудата важи за сите корисници коишто ќе потпишат нов договор за 3 Max, 3 Max Optic и Family box. Корисниците освен дигиталната MaxTV, со најновата понуда наМакедонски Телеком бесплатно ќе можат да ги гледаат најбараните тв канали од Max Sport +, HBO и Max XXX пакетите, зависно од 3 MAX пакетот што го избрале.
Со оваа единствена понуда, во рамките на HBO пакетот (HBO Home office, HBO Comedy и HBO on demand) корисниците ќе уживаат во најновите блокбастери, хит серии и оригинални хит продукции, како и во неограничен пристап до повеќе од 200 филмови и серии месечно. Љубителите на спортот пак, со Max Sport + пакетот ќе ги гледаат омилените првенства и натпревари на Arena и Sport klub каналите.
Во рамките на Max XXX пакет за возрасни влегуваат Playboy Tv, Brazzers TV Europe и French Lover TV.
По истекот на шест месеци, корисникот повторно може да ги активира дополнителните пакети со редовен месечен надомест. Понудата трае до 31 март.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




