Новак: Во однос на април побарувачката на нафта порасна за 20 проценти
Објавено во: Економија, Корона Вирус 27 Мај, 2020
Рускиот министер за енергетика, Александар Новак вели дека побарувачката за нафта и понатаму е на ниско ниво, но и покрај тоа во мај во однос на април 2020 година сепак порасна за 20 проценти.
Цените на бензинот во земјата останаа на исто ниво, а цените на дизелот од почетокот на годината скокнаа за 1,5 проценти. Тековните суфицити на нафта во руското производство се околу 7-12 милиони барели на ден.
Руското Министерство за енергетика очекува повторно балансирање на пазарот, поради раст на побарувачката во јуни и јули 2020 година.
Побарувачката за услуги во производството и истражувањето на нафта и гас се намалија за 50 проценти, поради што руската влада подготви мерки за поддршка за погодените компании. Ц
Целта е да се зголеми побарувачката за нивните услуги на ниво од 80 проценти од 2019 година, објави руската новинска агенција TASS.
Русија ја надмина Саудиска Арабија во извозот на нафта.Увозот на нафта од Русија во Кина во април скокнал за 17,7 отсто на годишно ниво, а од Саудиска Арабија се намалил за 18 отсто, објави Ројтерс.
Увозот на нафта во Кина во април е паднат за 7,5 отсто на годишно ниво – на 9,84 милиони барели дневно.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.