05 Декември, 2025
0.0307

Новата стратегија „Подем 2030“ донесува значајни резултати - Реализирани се повеќе од 30 милиони евра инвестиции

Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2025 14:18

Добивај вести на Viber

Нелт Група за 2025 година проектира приход од 1,5 милијарди евра, што претставува раст од 9% во однос на 2024 година. Во рамките на стратешкиот циклус Подем 2030“ (ориг. „Успон 2030“), од вкупно планираните 400 милиони евра инвестиции, повеќе од 30 милиони евра се веќе инвестирани во логистичка инфраструктура, производство и дигитализација, соопштија денес на годишната прес-конференција на Нелт Група.

На претставниците на медиумите им се обратија Дарко Лукиќ, генерален директор на Нелт Група, Горан Церовина, потпретседател за Адрија пазарите, Ненад Мишчевиќ, потпретседател за пазарот на Србија, Соња Тодорова, потпретседателка за работењето на брендови на Нелт, и Бојана Муциќ, извршна директорка за човечки ресурси на Нелт Група.

„И покрај екстерните предизвици, на ниво на Група остваривме консолидиран раст на приходите од 9% во однос на 2024 година. Во согласност со стратегијата Подем 2030’, посветени сме на нашата визија и мисија – да создадеме ефикасен и одржлив екосистем кој ги поврзува луѓето и брендовите преку извонредност во дистрибуцијата, сигурна логистика и експертиза во управувањето со брендови“, истакна Дарко Лукиќ, генерален директор на Нелт Група.

Инвестиции во инфраструктура и дигитализација

Во рамките на стратегијата „Подем 2030“, оваа година се реализирани околу 30 милиони евра инвестиции во проширување и модернизација на магацинската и логистичката инфраструктура, зголемување на производствените капацитети и дигитална трансформација на клучните процеси. Во Албанија и Босна и Херцеговина беа отворени нови, современи магацини, додека во Замбија започна изградбата на нов бизнис-дистрибутивен центар. Во Baby Food Factory се инсталирани нови производствени линии, што овозможува зголемување на капацитетите и понатамошен развој на портфолиото.

Сите деловни единици на Групацијата бележат раст на приходите

Нелт Адрија (во рамки на која работи и Nelt ST во Северна Македонија): раст на приходите од 16%, на повеќе од 400 милиони евра
Нелт Србија: раст на приходите од 7%, на повеќе од една милијарда евра
Нелт Африка: раст на приходите од 11%, на 60 милиони евра

Овој резултат е постигнат благодарение на зајакнувањето на портфолиото, новите принципали и логистички партнери, меѓу кои се JTI (Албанија), Beiersdorf (Замбија), Mondelez (Ангола), Revlon (Србија), Bambi (Северна Македонија) и други.

Лидерство на брендови во клучните категории

Компаниите Baby Food Factory, Neoplanta и Chips Way забележаа кумулативен раст на приходите од 7% во однос на минатата година, како и раст на пазарното учество, со што дополнително ги зацврстија лидерските позиции во категориите во кои функционираат. Иновациите во портфолиото, инвестициите во технологија и силното управување со брендови остануваат стратешки столбови на развојот на Нелт Група, со планирано понатамошно проширување на капацитетите и влез во нови категории.

Инвестирање во луѓето: шест милиони евра за зголемување на платите

Нелт Група во 2025 година вложи шест милиони евра во зголемување на платите, 1,5 милиони евра во бенефити за вработените, а повеќе од 5.500 часа беа посветени на развој на лидерството и унапредување на компетенциите.

Преку иновативни дигитални платформи како што се SAP SuccessFactors и InfoNelt, вработените имаат поедноставен пристап до информации, поефикасни процеси и побрза внатрешна комуникација, со што позитивно се влијае на нивната мотивација.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници