17 Декември, 2025
0.0508

Нови 15 студенти ќе добијат стипендии од енергетските компании во Македонија

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2013 13:29

Добивај вести на Viber

Петнаесет новозапишани студенти од прва година на електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), десет месеци, ќе добиваат стипендија од по 6000 денари обезбедена од „АД Електрани на Македонија“, „АД МЕПСО“ и „ЕВН“ Македонија.

Претставниците на енергетските компании денеска врачија по пет стипендии за најдобрите студенти од ФЕИТ кои ќе бидат стипендирани до крајот на студиите, доколку ја задржат минималната просечна оценка од  8.0.

Бројот на стипендирани студенти, годинава, е поголем од лани. Исто така, оваа година, студентите покажаа многу повисок просечен успех на положените испити.

„Благодарејќи на нашата иницијатива, залагањето на трите компании од енергетската област и секако, кампањата на Владата за студирање на техничките науки, бројот на запишани студенти на електроенергетските насоки постојано се зголемува – рече деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски.

Генералниот директор на АД „Електрани на Македонија“ Дејан Бошковски, кој во име на „АД ЕЛЕМ“ ги додели стипендиите на избраните студенти и укажа на важноста да се ангажираат квалитетни стручни кадри.

„Студентите од „ФЕИТ“ ги гледаме како наши идни колеги и менаџери, кои во иднина, со своето знаење ќе работат на унапредување на енергетиката, како најважен фактор  и основа за економскиот развој на  државата“,  истакна генералниот директор на „АД ЕЛЕМ“, Дејан Бошковски. 

За претседателот на УО и генерален директор на „АД МЕПСО“, м-р Синиша Спасов, чест и задоволство е да се креира и учествува во активност која станува позитивна општествено-одговорна практика и дава одлични резултати - ги мотивира студентите да постигнуваат подобри резултати во академските циклуси.

Исто така според д-р Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија, поддршката за едно семејство во деновите на студирање секогаш е добредојдена.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје