27 Јули, 2024
0.0384

Нови 20 стипендии од Групацијата Лимак за иницијативата Global Engineer Girls

Објавено во: Мои пари 21 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Во рамки на иницијативата Global Engineer Girls (GEG), Групацијата Лимак продолжува со поддршката за младите жени и девојки од земјава кои сакаат да стекнат знаења, практично искуство и да изградат кариера во областа на науката, технологијата и инженерството - позната како СТЕМ област.

И оваа година, втора по ред, Групацијата Лимак, преку GEG North Macedonia, ќе обезбеди стипендии за 20 девојки и млади жени кои се запишале и студираат на техничките факултети при државните универзитети во земјава. Процесот за аплицирање за добивање стипендии започна на 8 февруари 2024 и ќе трае до 23 февруари 2024 година, а сите детали околу процесот кандидатките можат да ги добијат на веб-стрaницата: https://northmacedonia.globalengineergirls.com

Покрај финансиската поддршка, GEG North Macedonia на идните жени-инженери дополнително ќе им обезбеди и можности за практикантска работа, учество во менторска програма и обуки за развој на дигитални и друг вид „меки“ вештини.

Целта на иницијативата GEGе да се залага за родова еднаквост и јакнење на жените во општеството, применувајќи пристап на инклузија и соработка, како и интегрирање на вклученост од јавниот и од приватниот сектор, на домашно и меѓународно ниво.

„Задоволни сме од интересот и вклученоста на локалната заедница во GEGNorthMacedonia откако ја започнавме иницијативата речиси пред две години. Успесите што ги постигнуваат младите жени кои веќе се дел од оваа наша програма претставуваат дополнителен мотив за нас да обезбедиме поддршка за нови 20 студентки. Сакаме што е можно повеќе млади жени и девојки да имаат можност да стекнат знаење и искуство од индустријата и да ги развијата своите таленти во СТЕМ областа. На овој начин се надеваме дека ќе го зголемиме учеството на жените во инженерските сектори и занимања каде сеуште постои нееднаквост и помала застапеност на жените. Поттикот за вклучување на жените во некои од најзначајните индустрии ќе придонесе за натамошен одржлив развој на македонската економија и заедницата во целина“, изјави Ебру Оздемир, претседателка на Групацијата Лимак и основачка на GlobalEngineerGirls.


Global Engineer Girls е меѓународна филантропска иницијатива која започна да се спроведува во 2015 година во Турција, а минатата година се прошири и во Северна Македонија и Косово. Главна инспирација за нејзиното покренување беше организациската култура на Групацијата Лимак за зголемување на застапеноста на жените во СТЕМ областа.

Контакт информации: Global Engineer Girls North Macedonia

Љубица Короскоска, програмски менаџер; 078 455 145; lkoroskoska@limakskopje.com

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје