18 Декември, 2025
0.0400

Нови 589 лекови ќе се продаваат по намалена цена

Објавено во: Мои пари 02 Ноември, 2014 18:04

Добивај вести на Viber

Од вчера се намалени цените на вкупно  589  генерички и оригинатори (иновативни) лекови. Ова е шестото по ред намалување на цените на лековите.

Најголемо процентуално намалување на максималната цена има кај следните генерики:

•      dexamethasone (Дексаметазон) инјекции – кортикостероидна терапија – 74.58%

•      aciкlovir (Ацикловир) крем – антивирусен лек – 71.10%

•      paclitaxel (Паклитаксел) – лек за карцином– 67.15%

•      atorvastatin (Аторвастатин) – лек за намалување на мастите во крв– 64.55%

•      immipenem,cilastatin (Имипенем) – антибиотик – 61.74%

•      metformin (Метформин) – лек за дијабет – 61.03%

•      meloxicam (Мелоксикам)-  лек против реума – 56.22%

Најголемо процентуално намалување на максималната цена се јавува кај следните оригинатори:

•              TAXOTERE (Таксотер) (антинеопластик)       43.4%

•              FLUDARA (Флудара) (антинеопластик)        38.4%

•              COPEGUS (Копегус) (антивирусен лек)       36.7%

Министерот Тодоров вели дека по направените пресметки и новите објавени максимални цени на лековите, се овозможува ново намалување на 228 малопродажни цени на  генерички лекови и 206 иновативни лекови и оригинатори, кои почнаа да важат од 1 Ноември 2014.

Вкупно се намалени 434 малопродажни цени на лекови. Со намалувањето се опфатени како лековите за болничка употреба, така и лековите кои граѓаните ги купуваат во аптека. Просечното намалување на малопродажните цени на генеричките лекови изнесува 12 %, додека кај оригинатори 11.4 %. Најголемо намалување на малопродажна цена се јавува кај следните генерички лекови:

 Најголемо намалување на малопродажна цена се јавува кај следните генерички лекови:

- Сefixime (Цефиксим) – антибиотик сируп (Панцеф)  од 100 mg/5мл  – со разлика во цената од 36,08% (старата малопродажна цена била 962.50 денари, а новата изнесува 615.24 денари), што ќе овозможи годишна заштеда од околу 87 илјади евра.

-  Imipenem/Cilastatin (Имипенем/Циластатин)  антибиотик – со разлика во цената од 61.74% (старата малопродажна цена на лекот била 4568.52ден, а новата  изнесува 1747.94 ден), што ќе овозможи годишна заштеда од 33 648.66 евра.

-   ZYTRON (Зитрон) таблети –лек против повраќање, најчесто се дава после хемотерапија, со разлика во цена од 48.37% (старата малопродажна цена била 1131.20 денари, а новата  изнесува 584.08 денари), што ќе овозможи годишна заштеда од 27 640.89 евра.

-   Намалување има и кај лекот YASNAL (Јаснал) перорална таблета  (понова генерација на лек против Паркинс и Алцхајмер) – со разлика во цена од 45.52 % (стара цена-1979.62 ден, нова цена-1078 ден).

-  Paclitaxel (Паклитаксел) – концентрат за раствор за инфузија. 150mg/25ml. 1 вијала x 25 ml/кутија (лек за карцином) – со разлика во цена од 54.6 % (старата малопродажна цена била 8475 денари, а новата изнесува – 3843.24денари).

Вкупната заштеда кај генерички лекови на годишно ниво изнесува 52,629,012 денари, додека кај  оригинатори и иновативни лекови изнесува  – 110.011.681 денари.

Најчесто препишувани лекови, според мој термин, кои граѓаните ги земаат од аптека, а сега се со намалени цени се:

•              од нестероидните антиинфламаторни лекови Диклофенак (Diclofenak) и Кетопрофен (Ketoprofen) за болка,

•              од антибиотиците   Амоксицилин (Amoxicillin),  Ампицилин (Ampicillin),  Азитромицин (Azithromycin) и  Цефалексин (Cefalexin),

•              од антихипертензивите Лосартан(Losartan) и Амлодипин (Amlodipin).

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“