17 Декември, 2025
0.0495

Нови апсења за убиството на Борис Немцов

Објавено во: Свет 08 Март, 2015 10:18

Добивај вести на Viber

Во Ингушетија се приведени нови две лица за убиството на рускиот опозициски лидер Борис Немцов. Ова го соопшти секретарот на Советот за безбедност на Ингушетија Алберт Барахоев, соопштува РИА "Новости".

Двајцата уапсени се етнички Чеченци. Вкупниот број на приведените заасега е четири лица.

Едниот од уапсените е близок со Заур Дадаев уште од времето кога тој бил заменик-командант на баталјонот "Север" на Министерството за внатрешни работи на Чеченија, а другиот е помалиот брат на Анзор Губашев.

Засега нема податоци приведените дали биле испратени во Москва.

Претходно во текот на денот беше објавено дека се приведени Анзор Губашев и Заур Дадаев, за кои се смета дека учествувале во убиството на Борис Немцов.

Двајцата најверојатно ќе бидат однесени во истражниот изолатор "Лефортово". Таму во текот на годините се чуваат лица, осомничени за извршување на особено тешки кривични дела.

Инаку Дадаев и Губашев не се во базата на податоци за пронаоѓање од органите на редот, не се регистрирани за вршење на какви и да е прекршување на законот, соопштува "Новости". Според податоците на Агенцијата Дадаев е родум од Грозни, но регистриран во Москва.

Од Федералната служба за безбедност (ФСБ) не соопштија како и каде точно се приведените двајцата мажи. Против ниту еден од нив се уште не е покренато обвинение. Апсењата се извршени врз основа на собраните индиции и докази од возилото, користено од убијците на Немцов, како и на записи од телефонските разговори, велат анонимни извори запознаени со истрагата.

Поранешниот вицепремиер од времето на Елцин беше застрелан 4 пати во грбот додека се шетал со својата девојка недалеку од ѕидовите на Кремљ. Тој беше убиен само неколку дена пред да се одржи организираната од него поворка против војната во Украина.

Освен тоа Немцов подготвувал извештај кој сакал да го докаже учество на руската армија во украинскиот конфликт.

Можеби ќе ве интересира

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки