Нови цени на горивата
Објавено во: Економија 13 Октомври, 2025 14:21
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените
деривати во просек за 0,83 отсто во споредба со претходната пресметка.
за 2,450 и кај мазутот за 0,645 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната
пресметка е повисок за 0,5110 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 73 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 68, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,001 денар по килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и изнесува 36,661 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 3,358 отсто, кај дизелот за 2,566, кај екстра лесното масло
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




