26 Ноември, 2024
0.0301

НОВИ ФОТОГРАФИИ ОД ВОЗИЛОТО СО КОЕ БЕШЕ КИДНАПИРАНА ВАЊА: Српски политичар најавува нови детали за грозоморниот чин

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Нови фотографии од автомобилот со кој била киднапирана младата Вања Ѓорчевска се објавени денеска на социјалните мрежи од страна на српски политичар, Срѓан Ного, кој најавува нови детали и досега необјавени факти за случувањата и поврзаноста меѓу обвинетите и жртвите, Вања и Панче. 

Станува збро за фотографии кои досега не биле споделени со јавноста, а Ного најавуа дека утре во попладневните часови ќе објави повеќе податоци и снимки од автомобилот. 

На една фотографија  го има возилото на убиениот Панче Жежовски, има и датум, според кој се наведува кога е направена истата, и се тврди дека е извадена од безбедносна камера. 


На втората фотографија направена од безбедносни камери на бензиска пумпа (нема датум), се гледа и ликот на мажот кој го управува автомобилот, а наликува на убиениот Панче Жежовски, а до него седи друг човек. 

Еве ја објавата на српскиот политичар Срѓан Ного:


- Ексклузивно ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07:29 часот и 30 минути, како и сите други снимки од киднаперот снимени од камерите. И ексклузивно објавувам видео од „киднапирањето“ на Панчо Жежовски, фризер од Велес. Ќе дознаете како течела истрагата и кој всушност ги разрешил двата случаи, со нив го поврзал Љупча Палевски Палчи и обезбедил докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишов, штипјанецот Велибор Манев и Бор Видевски од Велес. Очекувајте ексклузива во петок 05.01. во 16 часот. Следете ме - напиша Ного на „Фејсбук“.

По објавата на овие фотографии, од обвинителство за „Скопје1“ посочуваат дека српскиот политичар, Срѓан Ного, не може да ја компромитира истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Од ОЈО за „Скопје1“ посочуваат дека ги имаат сите потребни докази за да ја утврдат цела траекторија на движење на четворицата осомничени, за чиј предводник, истрагата покажала дека е Љупчо Палевски-Палчо.

- Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Од тие причини не постои никаква опасност за компромитација на истрагата со објава на снимки од видео надзор на објекти. Сепак, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки треба да размислат за етичноста на ваквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите - велат од Обвинителството.

Денеска Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по

предлог на Основното јавно обвинителство Скопје им го продолжи притворот за уште 30 дена на сите уапсени за овој случај. 

Киднапирањето и убиството на Вања ја потресе Македонија, но и и целиот Балкан. 

За нејзиното убиство, и убиството на велешанецот Панче се терети Љупчо Палевски-Палчо кој се сомничи дека е главен организатор на двете убиства. 

Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. 

Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо, бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

ЕКСПЛОДИРАШЕ ПЛИНСКА БОЦА: Скопјанка со изгореници заврши во болница

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

РЕСЛЕР ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Унијата може да биде помагател, може да биде медијатор

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР