05 Декември, 2025
0.0414

Нови катни гаражи во Скопје

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2012 13:48

Добивај вести на Viber

Во Градскиот парк во Скопје , во близина на Луна паркот  ќе се гради нова катна гаража. Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на злокацијата која се наоѓа меѓу СЦ „Работнички“ и Луна парк. Катната гаража треба да биде висока  29 метри и да има капацитет од 250 возила. Освен за паркинг, 15 проценти од објектот ќе биде наменет за комерцијалена простор. Со изградбата на катната гаража е предвидено да се реши проблемот со пракирањето во Градскиот парк, но исто така би служела и за потребите на идниот Луна парк за кој Градот Скопје во моментов има постапка. “ Почетната цена на лицитацијата е 1.850 денари по метра квадратен бидејќи има и компатибилна намена, а делот за катна гаража е едно евро.  Министерството интензивно работеше на расчистување на локации за изградба на катни гаражи во Скопје и во другите градови. Во овој период успеавме да расчистиме 18 парцели кои во иднина би претставувале околу 4.000 паркинг места. Од овие 18 парцели, три се надвор од Скопје, а останатите се во градот. Осум катни гаражи се во градба, за останатите се очекува многу скоро да започне градбата, а веќе четири од нив се изградени. За останатите седум, три од нив, се во постапка на јавно наддавање за градежно земјиште, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Покрај оваа локација, најавен е оглас и за катна гаража, во близина на Соборниот храм, а друга во близина на Собранието на Македонија. За останатите четири во постапка е расчистување на корисничкото право. Со овие катни гаражи во градот Скопје во идниот период ќе се обезбеди нов паркинг простор за околу 5.000 возила.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“