17 Јануари, 2025
0.0328

Нови кредити за самовработување нуди Владата

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување од утре ќе можат да аплицираат за најновиот оглас за самовработување со кредитирање што  ќе го распише Владата на Република Македонија. Заинтересираните ќе можат да аплицираат во рок од 10 дена, почнувајќи од утре кога ќе биде објавен огласот и ќе можат да основаат трговско друштво, земјоделска задруга и други друштва со ограничена одговорност. На огласот може да конкурираат невработени кои се евидентирани во Агенцијата за вработување најмалку една година и невработени најмалку шест месеци кои спаѓаат во групата на млади лица до 27 години или пак повозрасни лица над 55 години, како и лица кои примаат паричен надомест по основ на невработеност. - Ќе бидат финансирани преку поволни кредитни инструменти два вида на бизниси, односно бизниси од помал и бизниси од поголем обем, информира денеска на прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Секое новоотворено работно место за бизниси од помал обем ќе биде финансирано со три илјади евра, а максималната бројка на луѓе кои може да се здружат за да аплицираат е три лица што значи дека вкупниот обем би бил девет илјади евра. Рокот за поврат е три години со грејс период од една година и каматна стапка од еден процент. За финансирањето на бизниси од поголем обем може да аплицираат максимално пет лица од кои основниот кредитобарател би добил сума од пет илјади евра, а останатите четворица со по три илјади евра за секое ново отворено работно место. Рокот за поврат на средствата е пет години со грејс период од една година и каматна стапка од еден процент. Доколку било кое од лицата кои се здружуваат припаѓа на групата невработени кои ја стекнале невработеноста како резултат на технолошки вишок, стечај или ликвидација и шест месеци биле евидентирани во Агенцијата за вработување и примале паричен надоместок, односно три години поминало од моментот на нивото отпуштање, тогаш за нив може да се повлечат уште дополнителни илјада евра по лице. Финансирањето ќе се врши преку Македонската банка за поддршка на развојот, а финансиската конструкција за оваа мерка за вработување е проектирана на пет милиони евра со можност за проширување доколку постои интерес од страна на невработените. По завршувањето на огласот, во рок од еден месец до 45 дена, ,Агенцијата за вработување во соработка со Агенцијата за претприемништво ќе ги разгледа доставените апликации по што со избраните ќе бидат потпишани договори.  

Можеби ќе ве интересира

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРЕБА ДА РАБОТИТЕ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД 1.500 ЕВРА ВО ГЕРМАНИЈА? Овие професии носат највисок приход во староста

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРЕБА ДА РАБОТИТЕ ЗА ДА ДОБИЕТЕ ПЕНЗИЈА ОД 1.500 ЕВРА ВО ГЕРМАНИЈА? Овие професии носат највисок приход во староста

КАКО СЕ ТРОШАТ НАРОДНИТЕ ПАРИ: Половина милион евра за студија за „зелена зона“ во Гевгелија за која нема интерес

КАКО СЕ ТРОШАТ НАРОДНИТЕ ПАРИ: Половина милион евра за студија за „зелена зона“ во Гевгелија за која нема интерес