16 Декември, 2025
0.0380

Нови откритија за несреќата на „Germanwings“

Објавено во: Свет 06 Мај, 2015 12:30

Добивај вести на Viber

Нови откритија за несреќата на „Germanwings“ кој се урна во Алпите. Француската служба за безбедност на летовите „BEA“ го објави денеска привремениот извештај. Според нив излегува дека катастрофата можела да се случи и порано во истиот ден.

Според откритијата на француската служба за безбедност на летовите „BEA“, вториот пилот Андреас Лубиц очигледно направил обид да се сруши авионот уште во текот на првиот лет на „Airbus A 320“ - од Дизелдорф кон Барселона, одржан истиот ден претходно.

Информациите за тоа биле подготвени од анализата на податоците во Црната кутија на авионот. Од нив излегува дека уште во времето на првиот лет од Дизелдорф за Барселона било спроведено „контролирано намалување“ на авионот, без да имало техничка неопходност за такво нешто.

Германските медиуми ги цитираат информации на француската служба за безбедност на летовите, која ќе биде објавена на интернет. Портпаролката на Канцеларијата не сакаше да ги сподели деталите за содржината на извештајот. Досега инспекторите не ја исклучуваат можноста, вториот пилот да постапил во состојба да влијае врз преземање на авионот. Ако сегашните податоци бидат потврдени, тоа би ја ставило оваа теза под прашање.

andreaslubic_1427461594_670x0

Досегашните истраги, како и анализата на податоците од Црната кутија покажуваат дека на 24 март оваа година 27-годишниот втор пилот Андреас Лубиц намерно го урнал авинот на „Germanwings“

Германските истражувачи сепак пронашле индиции за тоа дека Лубиц планирал самоубиство. За денот на несреќата тој имал болнички лист, кој го сокрил од својот работодавец. Уште не е конечно прецизирано каква била дијагнозата на пилотот.

Неколку години порано Андреас Л страдал од тешка депресија, утврдено е дека имал склоност кон самоубиство. Поради оваа причина тој ја прекинал за неколку месеци обуката за пилот.

Можеби ќе ве интересира

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?