НОВИНА ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ - Владимир Тренески е нов Генерален директор за корпоративно банкарство
Објавено во: Финансии 06 Ноември, 2025 13:55
Стопанска банка АД - Скопје објави за поромени во раководните позиции и Управнот одбор на банката. Со согласост добиена од Народната банка за Генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управен одбор е назначен Владимир Тренески.
Новината од Стопанска банака ја споделија на Македонска берза и на нивната веб страна.
- Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:
Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно одлуката за именување од страна на Надзорниот одбор бр. 84/2025 од 31.07.2025 година и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-29578/7 од 31.10.2025 година, г-дин Владимир Тренески се именува за Генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управен одбор на Банката, со мандат од 1 година - пишува во објавата на Македонска берза.
Воедно Стопанска банка АД - Скопје сподели информации за именувањето на Владимир Тренески за Генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор, по добиената лиценца од Народната банка на 4 ноември 2025 година и на својата веб страна.
- Г-дин Тренески носи речиси 30 години искуство во банкарството, минувајќи ги сите хиерархиски нивоа во Банката, вклучувајќи раководни позиции како Сениор менаџер за корпоративно банкарство, Раководител на корпоративно банкарство, управување со ризици, одобрување на кредити и мрежа на филијали.
Како Генерален директор за корпоративно банкарство, г-дин Тренески ќе ја води стратегијата на Банката во корпоративниот сегмент, со фокус на проширување на пазарниот удел, унапредување на односите со клиентите и одржување високи стандарди за квалитет. Неговото длабоко разбирање на пазарот, потребите на клиентите и организациската култура на Банката ќе продолжи да биде клучен двигател на растот и угледот на Банката во корпоративниот сегмент.
Неговото лидерство ќе биде од суштинско значење и за спроведување на корпоративниот дел од трансформациската програма на Банката – поедноставување на процесите за кредитирање, зголемување на оперативната ефикасност и обезбедување на прилагодени финансиски решенија кои ги задоволуваат растечките потреби на компаниите низ целата земја - се посочува во нивната објава.
Додаваат дека Г-дин Тренески е дипломиран економист од Економскиот факултет во Скопје, а има завршено и бројни програми за професионален развој на INSEAD Франција, NBG Атина и други реномирани меѓународни институции.
Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




