05 Декември, 2025
0.1275

Новинарите им се придружија на лекарите, Тодоров на помош ги повика пациентите!

Објавено во: Економија 01 Декември, 2012 15:55

Добивај вести на Viber

Лекарите и денеска на Бел марш. Се собраа пред министерството за Здравство со порака дека соодветно ќе одоговорат на сите закани и притисоци и дека немаат намера да го прекинат штрајкот. Дејан Ставриќ, претседател на самостојниот синдикат на Клинички центар пред стотиците лекари порача дека се надева дека конечно ќе бидат забележани „невидливите лекари“. За навредите и заканите од министерот Тодоров порача дека се упатени на погрешна адреса. Овде се присутини доктори, нема партии, нема политика, ова е штрајк на докторите, за заштита на нашите права и професија и заштитата на здравјето на пацинетите. - Вчера слушнавме многу лаги. Со заканите за некакви санкции, Тодоров или покажува непознавање на законите зашто не постојат такви членови или пак покажува дека ќе се стави самиот над законот за внатрешни работи и за судството и самиот ќе дели правда, вели Ставриќ. - Секој таков акт ќе го сметаме за акт на насилтво и соодветно ќе одговориме. Хипократовата заклетва која министерот милува да ја спомнува е морален кодекс на кој сите сме заветени и работиме така, некои тука и со поголем стаж од возраста на министерот. Денеска во Скопје беа присутни лекари и медицински персонал и од Битола, Охрид, и од другите градови во земјата. Дел од лекарите сметаат дека вистинската адреса за нивните барања е и премиерот Груевски. Побараа  оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров, а најавија и тужба за министерот поради заканите. Новинарите им се придружуваат на лекарите  - Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници го поддржува штрајкот на лекарите, како легитимен начин за остварување на нивните цели за зачувување на достоинството на лекарската професија. Поддршката на ССНМ е предизвикана од солидарни, но истовремено и од принципиелни причини бидејќи другата страна се обидува на секој начин да го опструира штрајкот како метод на синдикална борба што претставува ограничување на правото за независно организирање, а со самото тоа и опасност за сите сегашни и идни синдикални организации. ССНМ безрезервно ги поддржува сите барања на лекарите и апелира до надлежните реално и фактички (а не формално) да ги согледа последиците од своите одлуки и, заедно со стручната јавност, да изнајде решенија што нема да им наштетат на вработените во јавното здравство, а со самото тоа ќе придонесат за зголемување на неговиот квалитет - стои во соопштението на ССНМ. Тодоров на помош ги повика пациентите Министерството за здравство ги повикува сите граѓани кои имале потреба од здравствена заштита во здравствените установи во Република Македонија, особено оние со малигни,  но и други потешки заболувања и им била потребна хируршка интервенција, при што не им била укажана здравствената заштита поради штрајкот на лекарите веднаш да го известат Министерството.

Министерството за здравство соопшти дека ќе постапи согласно законските норми и прописи во насока на заштита на животот и здравјето на граѓаните, како и навремено обезбедување на неопходната здравствена заштита. Сите граѓани кои не добиле соодветна здравствена заштита можат да се обратат во Министерството за здравство на телефоните 02 3123 009 и 076 445. СДСМ негира дека е вмешан во протестите Опозициската СДСМ  негира дека на кој било начин е инволвирана во штрајкот на лекарите и побара министерот за здравство Никола Тодоров да престане „со закани, манипулации и злоупотреби на државните институции во спречување на  нивното право на штрајк. - Сакаме во целост да ги демантираме, лагите и манипулациите кои ги пласираше Тодоров. СДСМ и опозиција, ниту стои зад, ниту на кој било начин е организатор на штрајкот и револтот на лекарите. Ј.Ј.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје