Новиот Citroën C4 Cactus , ултра-комфорниот хечбек со модерен дизајн, отсега во салоните низ Македонија
Објавено во: Мои пари 04 Мај, 2018 09:52
Citroën го претставува новиот C4 Cactus, својот нов компактен автомобил во сегментот на хечбек возила. Сосема поразличен од неговиот претходник, новиот C4 Cactus се издвојува со бескомпромисна удобност , модерен и препознатлив дизајн, најнови технолошки пронајдоци како и мотори од најнова генерација.
Новиот Citroën C4 Cactus го внесува комфорот на автомобилот во нова димензија. Изработен според стандардите на програмата Citroën Advanced Comfort®, новиот Citroën C4 Cactus нуди најнапредни технологии во делот на модерен и сеопфатен комфор. Овој нов автомобил нуди беспрекорна удобност во возењето со новата технологија за потпирање со Progressive Hydraulic Cushions™ – PHC (прогресивни хидраулични перничиња), која ги филтрира нерамнините на патот така што имате чувство дека лебдите на летечки килим. Новите седишта се изработени во согласност со програмата Advanced Comfort, гарантирајќи на тој начин оптимално држење на телото. Новиот Citroën C4 Cactus е иноватор и во делот на звучна изолација и опрема со секојдневна примена. На своите патници им нуди технологија од 12 уреди за помош во возењето и 3 технологии за поврзување, мотори со високи перформанси за да се чувствуваат релаксирано зад управувачот на новиот C4 Cactus.
Во понудата се истакнуваат 31 комбинација за персонализација со 9 бои на каросеријата и 4 елегантни и софистицирани пакети боја, за да можат клиентите да бидат дизајнери на своите возила. Патничкиот простор е функционален и веќе на прв поглед создава чувство на релаксираност. Пет различни амбиенти на патничкиот простор, секој за себе гарантира светлина, нежност и елеганција.
Новиот C4 Cactus е достапен во продажните салони на Citroën во Македонија со промотивна понуда по цена веќе за 13490 Евра.
Дознајте повеќе во салоните на Citroën или на http://www.citroen.com.mk/vozila/nov-citroen-c4-cactus/
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




