16 Декември, 2025
0.0397

Новиот авио-бренд Ер Србија наскоро ќе стане регионален лидер

Објавено во: Балкан 08 Јануари, 2014 08:14

Добивај вести на Viber

Србија ја обнови националната авиокомпанија под нов авио-бренд Ер Србија, која има за цел да стане регионален лидер, изјавија за Танјуг генералниот директор на Ер Србија Дане Кондиќ и министерот за транспорт Александар Антиќ . - Во 2013-та направивме историја, ја обновивме нашата национална авиокомпанија и тргнавме на историски пат. По 66 години, го згаснавме Јат , но не сме го заборавиле , го зедовме она што е најдобро од компанијата и го вградивме во новата компанија Ер Србија - нагласи Кондиќ. Србија за првпат има национална авиокомпанија со свое име. - Пред неколку дена , другар од Австралија ми кажа дека во Лондон поминувал покрај наш авион, прв пат го видел и рекол - а- ха , тоа е од Србија. Сега сите во Европа кога ќе го видат нашиот авион знаат од каде е - наведе Кондиќ, додавајќи дека за него лично, за компанијата и за Србија, тоа е многу важна работа. Eр Србија официјално почна да работи како српски национален авиопревозник на Србија на 26. октомври 2013 година, воспоставувајќи линија Белград - Абу Даби. Ер Србија е основана со стратешко партнерство меѓу Србија и компанијата Етихад ервејс од Обединетите Арапски Емирати, која има 49 отсто од акциите. Кондиќ рече дека имаат воспоставено нови линии и дека е зголемен бројот на летови. - Компанијата ја изведовме на првиот чекор , но има уште многу чекори во нејзиниот понатамошен развој , но сега за сега ние сме задоволни - изјави Кондиќ, Србин од Австралија. Според него, Ер Србија го зголемила бројот на патници и во периодот од октомври е зголемен капацитетот за околу 50 отсто, бидејќи има многу повеќе летови. Кондиќ рече дека, на пример , првиот авион ербас A319  "Новак Ѓоковиќ " лета двојно повеќе отколку заменетиот Боинг 737. - Во новата 2014 година, за почетокот на сезоната тргнуваме во Бејрут , одиме до Варна, Софија и тука се уште има варијанти за кои не сме дефинитивно одлучени. Го имавме Каиро во умот, но поради проблемите во Египет се уште не сме одлучиле дали ќе одиме или не. Постојат уште седум или осум дестинации кои се разгледуваат - наведе Кондиќ. Eр Србија опслужува околу 30 дестинации во Европа и на Медитеранот, од матичниот белградски аеродром „Никола Тесла“ , патнички и товарен сообраќај . Ер Србија, исто така , нуди и долги, прекуокеански летови до Азија, Австралија и Америка со " code-share " партнерите и компанијата Етихад. Српската национална авиокомпанија моментно има флота од 10 нискотрупни и четири турбопроп авиони, порача и купување на 10 авиони Ербас A320neo, кои чинат вкупно една милијарда долари. Овие авиони ќе бидат доставени меѓу 2018. и 2020. година. До тогаш, постојната флота ќе биде заменета со вкупно осум A319 и два А320 авиони, кои се земаат на лизинг.  

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени