17 Декември, 2025
0.0336

Новиот Клички центар ќе биде готов во 2017 година – инвестиција вредна 70 милиони евра

Објавено во: Економија 06 Август, 2013 20:17

Добивај вести на Viber

Идната година ќе почне да се гради новиот Клинички центар кој ќе се простира на 61.500 метри квадратни, , а се очекува да биде завршен до 2017-тата. Според ресорниот министерот, Никола Тодоров, новиот објект кој ќе чини околу 70 милиони евра ќе овозможи подобро функционирање на клиниката.

Министерот за здравство Никола Тодоров пред медиумите го претстави конечното идејно решение и архитектонско-урбанистичкиот проект на новиот блок во Клиничкиот центар. Се очекува основниот проект за новиот клинички блок да биде готов за околу 5 месеци, рече Тодоров и најави дека изградбата на објектот треба да почне во првиот квартал од наредната година и да трае три години.

Новиот блок, од скоро 62 илјади квадратни метри, треба да се гради на местото на старата Клиника за гинекологија и ќе биде со модерен изглед и, како што рече министерот, енергетски ефикасна фасада. Најгоре, на осмиот кат, предвидено е да има и хелиодром. Новиот блок ќе биде поврзан со постојната зграда на Хируршките клиники, кои треба да бидат реновирани, со новата зграда на Гинекологија и со Онкологија.

Во рамки на новиот Клинички комплекс нема да бидат сместени само детската клиника којашто ќе биде споена со детската хирургија, Клиниката за инфективни болести, која ќе остане одвоена, како и Стоматолошкиот клинички центар и Клиниката за максилофацијална хирургија. Откако ќе се изгради новиот блок, зградите кои нема да бидат пренаменети, ќе бидат урнати за да се прошири паркот, најави Тодоров.

„Целиот проект чини околу 70 милиони евра, со се реконструкцијата на постојната зграда за хирургија и парите ќе бидат обезбедени од Банката на Советот на Европа за што веќе е формирана проектна единица и ова практично е втора фаза од веќе почнатиот проект од 25 милиони евра за реконструкција и изградба на повеќе здравствени установи“, рече Тодоров. Поранешниот заменик министер за здравство и експерт за јавно здравство Владимир Лазаревик вели дека се надева дека овој проект навистина ќе се реализира, затоа што таквите решенија се пофункционални. „Да се надеваме дека ќе се реализира така како што е планирано. Во принцип, сите големи и модерни клинички центри се интегрирани во една функционална целина. Нашиот беше отсекогаш исклучок како таков, така што идејата и можноста да се направи една зграда во којашто ќе бидат сместени клиниките е супер потег и сега да видиме како ќе се реализира до крај“, вели Лазаревик. Клиничкиот центар ќе биде поделен на два дела, главен објект и лаборатории кои ќе бидат поврзани меѓусебе. Инаку, за разлика од досега, во копмлексот нема да може да се влегува со возила, освен оние на итната помош и противпожарните екипи. Граѓаните ќе можат да се паркираат во две катни гаражи во близина чии вкупен капацитетет е 2500 паркинг места.

.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас