Новиот Samsung Galaxy A54 5G или Galaxy A34 5G е твоето следно извонредно искуство: Неверојатна камера, подобрени перформаси, долготајна батерија и достапна цена!

Објавено во: Мои пари 25 Мај, 2023
Батерија која нема да те изневери
Секако дека ти е потребен телефон чија батерија нема да те изневери, кога навечер се враќаш дома после ден исполнет со работа, или пак со предавања и обврски на факс. Исто така, нема потреба од двоумење во врска со брзината на телефонот, бидејќи доколку отвораш и симнуваш документи кои ти требаат, тие веднаш ќе ти бидат на увид на екранот од твојот телефон. Истото се однесува и доколку си од оние ноќни птици и во раноутринските часови се враќаш дома, батеријата сé уште ќе ти трае, и покрај фоткањата, селфијата и видеата направени изминатата ноќ. Galaxy A54 5G и Galaxy A34 5G имаат батерија од 5000 mAh која може да држи повеќе од два дена.
Феноменални видеа и лудило фотки
Освен долготрајната батерија оваа серија на телефони е специфична и поради камерите кои користат Galaxy Nightography и технологија со вештачка интелигенција. Секој пат кога снимаш или фоткаш убави моменти со мултикамерите, ти следи едно сосема ново искуство во прегледување на содржината, дури и кога прегледуваш на дневна светлост. Galaxy A54 5Gсо својот екранот од дури 6,4 инчи FHD со ткн. Infinity-O ќе ти изгледа како живописна сликовница, угодна за твоите очи, а одбраната содржина можеш да ја зачувуваш на 125/256 GB внатрешна меморија, со плус поддршка за микро СД картица до 1 ТВ. Исто така, ако сакаш да се поврзуваш со суперквалитетни видео повици, овозможени ти се неверојатни детали благодарение на предната камера од 32 MP, и импресивно јасни видеа без заматување со напредна оптичка стабилизација на слика (OIS) и видео дигитална стабилизација на слика (VDIS). А ако сакаш твоите одлични фотки да ги претвориш во феноменални, Galaxy A34 5G ќе го стори тоа за тебе. Со функцијата Photo Remaster твоите фотки ќе бидат доведени до совршенство, со намалена заматеност и зголемена резолуција, а сé тоа благодарение на интутивната алатка со вештачка интелигенција.
Зошто телефон од серијата Samsung Galaxy A е за мене?
Ако лудило камера, екстра батерија и топ екран не ти се доволни причини и се уште се двоумиш, погледни го дизајнот и шизичките бои, кои со сигурност ќе те издвојат од другите. Освен вообичаените и чести бои на телефони како што се црна за обата модели, сребрена за Galaxy A34 5G и бела за Galaxy A54 5G, овие два уреди доаѓаат и во несекојдневните, младалачки и кул бои – светлозелена и светловиолетова. Замисли дека за посебни прилики можеш да ги комбинираш и со парчиња од облеката, а тоа ќе те направи да изгледаш и дополнително fancy! И како последно, што е можеби и пресудно – цената на овие телефони е примамлива, која ќе се вклопи во буџетот и на помладите генерации.
Како екстра бонус имаш и одредени промоции со овие телефони!
Искористи ја промоцијата и започни со 100 GB складирање на облак со Samsung Galaxy. Со 6 месеци бесплатна услуга Microsoft 365 Basic, добиваш простор за складирање на облак, безбедна е-пошта без реклами и пристап до поддршка од Microsoft. Синхронизирај ја својата галерија со OneDrive и уживај во 6 месеци 100 GB меморија на Microsoft 365 Basic OneDrive облак со твојот нов Samsung Galaxy A54 5G или Samsung Galaxy A34 5G.
Исто така можеш да гледаш YouTube без прекини. Искористи до два месеци бесплатен YouTube Premium на твојот Samsung Galaxy што ги исполнува условите и гледај ги омилените видеа без реклами, без Wi-Fi мрежа. Потребно е само да го активираш твојот нов Galaxy A34 5G или Galaxy A54 5G.
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a34-5g-lime-128gb-sm-a346blgaeuc/
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a54-5g-green-128gb-sm-a546blgceuc/
Можеби ќе ве интересира
Samsung и Dezeen организираат глобален конкурс за дизајн - Re:Create конкурсот ја нагласува вредноста на одржливоста на производите и услугите на Samsung

Одбележување на Светскиот ден на млекото: БИМИЛК и ЈОУДГ „Мајски Цвет” Битола со донација на детска креативна патека

Со донација на повеќе од 300 илјади денари dm drogerie markt го одбележа Меѓународниот ден на децата!

Уште повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Промоција на стихозбирката „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова

„НEзаштитена пpирода“ - Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

ВТОРАТА ТУРНИРСКА ФАЗА ВО „СВРТИ, ТИПУВАЈ И НАГРАДИ СОБИРАЈ“ на 2win.mk ЗАВРШИ, СЛЕДУВА СРЕЌНО ТРКАЛО
