НОВИОТ СИНДРОМ ШТО ГИ НАПАЃА ДЕЦАТА РЕГИСТРИРАН И ВО МАКЕДОНИЈА: Две деца биле хоспитализирани
Објавено во: Македонија 17 Мај, 2020 06:54
Мистериозната болест која ги напаѓа најмладите, а се
поврзува со Ковид-19, е регистринана и во земјава. Според д-р. Аспазија
Софијанова, реководител на одделението за интензивна нега на Клиниката за детски
болести станува збор за синдромот Кавасаки.
Таа појаснува дека двете деца, едното петгодишно, а другото осумгодишно имале осип на кожата, и вели дека тоа се јавило како резултат на контакт на децата со некој кој бил позитивен на корона вирусот, но немале симптоми. Вели дека децата биле хоспитализирани на Детската клиника, но тие се целосно излекувани и повеќе не се на болничко лекување, односно се пуштени дома.
Инаку, СЗО вчера побара од здравствените власти во земјите во светот внимателно да го испитаат новиот синдром што ги напаѓа само децата, а кој веќе го поврзуваат со Ковид-19. Во Франција почина 9-годишно момче, а Велика Британија прва алармираше за мистериозната болест.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




