27 Април, 2025
0.0277

Новите алуминиумски системи на REHAU Window Solutions сега достапни и во Македонија

Објавено во: Мои пари 25 Март, 2025 09:26

Добивај вести на Viber

Системите за алуминиумски прозорци и фасади на пазарот пристигнаа како дел од стратешкиот пристап на REHAU Window Solutions да биде „All in One“партнер на нашите соработници и клиенти во Македонија

REHAU Window Solutions го прошири портфолиото на производи за македонскиот пазар со понуда на висококвалитетни системи за алуминиумски прозорци и фасади. Пристапотна „All in One“ премиум партнерот REHAUWindowSolutionsовозможува во понудата да е вклучено сѐ што е потребно за максимална ефикасност низ целиот синџир на вредности, обезбедувајќи иновативни решенија за архитектите, изведувачите, трговците и специјалистите за монтажа. 

Експертите на компанијата секогаш имаат за цел да поттикнат зајакнување и проширување на бизнисите на своите клиенти и партнери во Македонија. Затоа, REHAU Window Solutions стратешки ја проширува својата експертиза во областа на  надворешните градежни конструкции.

„Логичен следен чекор се алуминиумските системи на профили за прозорци и фасади. Тие ја надополнуваат нашата експертиза во PVC-профили со алуминуимски системи за одбрани ексклузивни пазари, како што е и Македонија. Овие системи се создадени во соработка со експертите за алуминиум од Elvial, кој е совршен партнер за овој проект. REHAU Window Solutions и Elvial претставуваат традиционални семејни бизниси со вредности и пристап, кој се карактеризира со сигурност, квалитет и желба за тесна соработка со клиентите и партнерите. Како ‘All in One’ партнер, REHAU Window Solutions секогаш на своите партнери и клиенти им нуди нов потенцијал и мерлива додадена вредност во текот на целиот проект“, вели Карстен Хеуер, главен извршен директор на REHAU Window Solutions.

Проширеното портфолио со одржливи алуминиумски прозорци и фасадни системи со највисок квалитет создава нови  вредности за партнерите и клиентите на компанијата. Тие имаат придобивки од системскиот пристап, кој обезбедува максимална ефикасност од еден извор низ целиот синџир на вредности. Компанијата мисли и делува на пазарно ориентиран начин, што ја прави водечки премиум партнер за архитекти, преработувачи, трговци и експерти за монтажа на пазарот во Македонија.

„Поврзаноста меѓу REHAU Window Solutions и Elvial создава одлични услови за решенија, кои се ориентирани кон иднината и кон заеднички успех. Клиентите и партнерите добиваат системски решенија со највисока одржливост, со апсолутна врвна технологија и префинета естетика“, вели Тања Цика, претседавач на одборот на Elvial.

Подгрупата REHAU Industries Window Solutions секојдневно ги револуционизира прозорците и вратите за подобар живот. Неговиот уникатен EcoPuls концепт за рециклирање претставува врвен модел за одржливост во индустријата. Како пионер и лидер во одржливите индустриски решенија, REHAU Window Solutions е „All in One“ партнер и водечки експерт за сеопфатни системски решенија низ целиот синџир на вредност.

Групацијата REHAU обединува силни компании под еден покрив и остварува годишен промет од околу 4,5 милијарди евра со решенија базирани на полимери. Повеќе од 20.000 вработени работат за групацијата во над 190 локации ширум светот, со заедничка цел – подобрување на животот преку употреба на иновативни и одржливи технологии.
Engineering progress. Enhancing lives.

Можеби ќе ве интересира

glo™дел од „HYPER PORTAL“ на Микела Пики и претставена уникатна glo™ колекција во соработка со SUNS

glo™дел од „HYPER PORTAL“ на Микела Пики и претставена уникатна glo™ колекција во соработка со SUNS

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска 89,30 евра за мегават час, на МЕМО 91,00 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска 89,30 евра за мегават час, на МЕМО 91,00 евра за мегават час

СУПЕР МИЛИОНЕР ВО ОХРИД: ИГРАЧ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА ОСВОИ 6.787.199 ДЕНАРИ

СУПЕР МИЛИОНЕР ВО ОХРИД: ИГРАЧ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА ОСВОИ 6.787.199 ДЕНАРИ

Беспрекорна продуктивност - АИТОНИКС го претставува новото AI PC портфолио на DELL!

Беспрекорна продуктивност - АИТОНИКС го претставува новото AI PC портфолио на DELL!

Ико Брдаровски: Како до успешно селектирање на отпадот? Кои се иновациите во управувањето со отпад

Ико Брдаровски: Како до успешно селектирање на отпадот? Кои се иновациите во управувањето со отпад

Повик за македонските стартап тимови: Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“ – Пријавете се!

Повик за македонските стартап тимови: Компанијата „Mozzart“ Србија го започнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“ – Пријавете се!

Daily Food & Wine e урбана гастрономска оаза што го претвора секојдневието во доживување

Daily Food & Wine e урбана гастрономска оаза што го претвора секојдневието во доживување

Домот како кино со големите телевизори на Samsung

Домот како кино со големите телевизори на Samsung

„Литера“ продолжува со ден посветен на креативноста, емоциите и илустрацијата

„Литера“ продолжува со ден посветен на креативноста, емоциите и илустрацијата