Новите облици на протест кои ги воведоа демонстрантие во Турција?!
Објавено во: Балкан 27 Јуни, 2013
Демонстрантите во Турција после повеќенеделните протести и судири со полицијата незадоволни од состојбата во општеството пронајдоа уште еден нов облик на отпор: стојат мирно и читаат книги.
Еден посебен аспект на протестите на плоштадот Таксим е тоа што демонстрантите покажуваат дека образованието и читањето не мора да престанат додека се пружа отпор на системот и режимот. Така, читањето се претвори во уште еден облик на бунт и отпор.
Претходно на плоштадот Таксим во Истанбул симобилично, демонстрантите паднаа на плоштадот како сеќавање на загубените животи во досегашните протести. Оваа форма на протести смедиумите ја нарекоа„паднати луѓе“.
Стоењето во тишина како форма на протест го воведе турскиот уметник Ердем Гундуз, кој со рацете во џебови стоеше осум часа на плоштадот Таксим. Гундуз стана симбол на движењето на отпорот во Истанбул и во останатите делови на Турција, илјадници луѓе го следеа неговиот пример, стоејќи мирно со часови.
Демонстрантите стојат и го насочуваат својот поглед кон делот на Културниот центар, на кој стои портрет на основачот на Турција, Кемал Ататурк.