19 Декември, 2025
0.0481

Новитет од ВИП: Роаминг со 4Г брзини за корисниците

Објавено во: Мои пари 08 Април, 2015 12:52

Добивај вести на Viber

Почнувајќи од денеска, Вип е првиот мобилен оператор од Македонија кој благодарение на соработката со партнерските оператори од Телеком Австрија групацијата во Австрија (A1 Telekom), Словенија (Si.mobil) и Хрватска (Vipnet) им овозможува на своите постпејд корисници кои ќе патуваат во овие земји и ќе се приклучат на наведените мрежи, да користат интернет со 4Г брзини.

Со цел да уживаат во придобивките на брзиот интернет по најповолни услови, при престојот во овие земји, постпејд корисниците може да одберат пакет Vip Roam Surf 200 за 399 денари со кој добиваат 200МB мобилен интернет со 4Г брзини во роаминг или Vip Roam Surf 500 со кој добиваат 500МB за 699 денари. Пакетите се активираат со испраќање на СМС порака на бројот 140 999, со текст START SURF 200 или START SURF 500, во зависност од избраниот пакет. Истите може да се активираат од земјава или од странство, а може да се користат во текот на триесет дена од моментот на активација. По искористување на интернет сообраќајот вклучен во секој од пакетите, корисниците можат повторно да активираат еден од понудените пакети или да продолжат да користат интернет по намалени цени.

Дополнително, за сите корисници кои користат роаминг, Вип воведува дополнителна контрола на трошоците за интернет сообраќај во странство. Имено, откако за користење на интернет во странство се достигне износ од 1000 денари со вклучен ДДВ, корисникот ќе биде известен за истото и истовремено интернетот во странство ќе биде блокиран. Доколку корисникот сака и понатаму да користи интернет во странство, треба да испрати СМС порака според инструкциите добиени во пораката за достигнување на лимитот.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка