09 Декември, 2024
0.0278

Новковска за пописот: Единствено е сигурно - сега за сега - дека собрале 1.832.696 ЕМБГ

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Универзитетската професорка Благица Новковска, поранешна директорка на Државниот завод за статистика изрази сомнеж околу успешноста на пописот кој деновиве заврши во земјава. 

Вели дека пописот го затворија, но наскоро ќе треба да го отворат и да видат со што го наполниле.  Новковска вели дека попишувачите единствено собрале 1.832.696 матични броеви. Таа забележува и дека многу брзо одел процесот на попишување на населението. 

„Директорот на ДЗС изјави: ‘...со сигурност знаеме дека целосно и успешно го опфативме населението кое во овој момент живее во државата...’ Што значи ова? Знае ли што кажува? Не знае колку одбиле да се попишат, ама сите се целосно опфатени?!  Да го потсетам единица на попис им беа државјаните! Не знам дали знае, но најсигурно е дека денес затворија нешто што ќе треба наскоро да го отворат и да видат со што го наполниле. Единствено е сигурно - сега за сега - дека собрале 1.832.696  ЕМБГ. Така  барем денес ја информираа јавноста“, напиша Новковска.

Таа смета дека имало и двојно попишување, и овде и во странство, преку самопопишување. 

„Се чудев зошто европските земји си молчат за дуплото попишување, па ми текна дека за нив се тоа ситни дупликати, ама за нас се крупни последици“, напиша Новковска.

Над 200.000 луѓе се самопопишале од над 170 земји во светот. 

Пописот заврши на 30 септември, иако беше неизвесно и се споменуваше опцијата тој да се продолжи. Претходниот попис во времето на власта на ВМРО-ДПМНЕ пропадна. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор“: Османи вели „Стражата на јазикот“ се всушност чуварите на Македонија

„Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор“: Османи вели „Стражата на јазикот“ се всушност чуварите на Македонија

„Превоз на ученици без важечки договори“: СДСМ обвинува за злоупотреба на службената положа „ќе поднесеме пријава“

„Превоз на ученици без важечки договори“: СДСМ обвинува за злоупотреба на службената положа „ќе поднесеме пријава“

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ - еве какво решение е договорено

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ - еве какво решение е договорено

„САКАА ДА ПРЕДИЗВИКААТ МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ“: Вреди контра ДУИ - го изгласа Законот за јазиците иако Венецијанската комисија ја оспорила законитоста

„САКАА ДА ПРЕДИЗВИКААТ МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ“: Вреди контра ДУИ - го изгласа Законот за јазиците иако Венецијанската комисија ја оспорила законитоста

Мојсоска: Интелектуалци во служба на федерализацијата - маската на европските вредности падна

Мојсоска: Интелектуалци во служба на федерализацијата - маската на европските вредности падна

СЕ ОГЛАСИ МВР - ГО ОБЈАВИ ИДЕНТИТЕТОТ НА РАЗБОЈНИКОТ КОЈ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА: напаѓал и малолетнички (ВИДЕО)

СЕ ОГЛАСИ МВР - ГО ОБЈАВИ ИДЕНТИТЕТОТ НА РАЗБОЈНИКОТ КОЈ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА: напаѓал и малолетнички (ВИДЕО)

МАЖ НА 26 ГОДИНИ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА И ЖЕНИ НИЗ ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ - определен му е притвор поради повторување на делата

МАЖ НА 26 ГОДИНИ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА И ЖЕНИ НИЗ ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ - определен му е притвор поради повторување на делата

„Исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари“: Левица предлага измени на Законот за култура

„Исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари“: Левица предлага измени на Законот за култура

„АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕМА ДА СЕ ОСПОРУВА, МИЛИОНИТЕ НА ОЛИГАРСКИТЕ НА ДУИ ДА!“: Меџити вели јазикот е заштитен, но не и незаконското богатство

„АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕМА ДА СЕ ОСПОРУВА, МИЛИОНИТЕ НА ОЛИГАРСКИТЕ НА ДУИ ДА!“: Меџити вели јазикот е заштитен, но не и незаконското богатство