19 Декември, 2025
0.5983

Новковски: Номинација за Нобелова награда за мир на Заев не смее да се објавува, тоа е строго забрането

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2018 09:37

Добивај вести на Viber

Ненад Новковски, поранешниот министер за образование, на својот профил на Фејсбук објави дека според процедурите за Нобелова награда, најстрого е забрането однапред, а дури и потоа, да се објавуваат предлозите, откако вчера беше објавено дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе бидат номинирани за признанието за мир што ќе се доделува во 2019-та.

-Предлозите не смее да се објавуваат. За мир има 331 предложени (216 индивидуалци). Повеќе од тоа не смее да се соопштува. Комитетот може, за научно-истражувачки цели да одобри увид во материјалот, но не пред истек на педесет години. 
На пример, сега имаме увид за постапката кога Тесла не прифатил да биде нобеловец заедно со Едисон, но во тоа време не смеело да се соопштува - коментираше професорот.

Добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Тунижанката Уидед Бушамауи, денес официјално ќе поднесе номинација - следната Нобелова награда за мир да им биде доделена на премиерите на Македонија и Грција. Нејзиниот предлог ќе биде претставен на церемонијата што денес во 11 часот ќе се одржи на Првиот приватен универзитет - ФОН, каде во март годинава Бушамауи ја доби титулата почесен професор (professor honoris causa).

„Договорот од Преспа, во кој потписниците и медијаторите вложија огромна енергија, го гледам како исклучително значаен процес кој заслужува да биде номиниран за Нобеловата награда за мир. И Генералниот секретар на ОН, господинот Гутереш, деновиве повторно го истакна тој Договор како пример кој може да биде модел за решавање на проблемите во светот“, вели Бушамауи.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот