28 Ноември, 2024
0.1494

Ново истражување на Visa: Македонците месечно трошат 900 денари на дигитални услуги

Објавено во: Мои пари 22 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Дигиталната трансформација постојано создава нови трендови, од начинот на кој ги примаме информациите, стекнуваме нови вештини, комуницираме, ги организираме нашите дневни состаноци, до тоа како го поминуваме слободното време.

Без разлика дали се работи за интеракција, едукација, транспорт или забава, дигиталните услуги, апликациите и платформите се дел од нашите животи.

Според најновата анкета на Visa „Нови дигитални навики“[1], четворица од десет Македонци наведуваат дека нивните навики станале подигитални или се претежно дигитални, како резултат на пандемијата (41 отсто и 38 отсто соодветно). Виртуелните услуги го сменија секој сегмент од нашите животи. За половина од испитаниците, приватното време е најдигиталниот аспект од нивниот живот. Една третина велат дека е работата, а за 15 отсто одговорот е забава, поради големото време поминато на останатите стриминг платформи, а само 5 отсто ја користат за здравје, што подразбира закажување вакцинации и лекарски прегледи, онлајн обуки или следење на здравјето преку апликација.

„Насекаде низ светот сме сведоци на пораст на нови дигитални навики и Македонија не е исклучок, врз основа на резултатите од анкетата. Потрошувачите очекуваат да купуваат, да се информираат и да се забавуваат на најсоодветниот начин, но прифаќањето на новите технологии бара време. Ова е причината зошто нашата цел во Visa е да помогнеме во навигацијата на преминот кон дигиталното и да обезбедиме поддршка онаму каде што е потребна. Една од првите работи што ги правиме е да разбереме колку е променета секојдневната рутина за Македонците и кои се нивните очекувања за иднината. Ова ќе ни овозможи да работиме на подобрување на пристапот до дигиталната економија за сите, заедно со нашите партнери, банки, финтек (fintech) компании и невладини организации“, рече Владимир Ѓорѓевиќ, Генерален директор на Visa за Југоисточна Европа.

Со многу услуги достапни на врвот на прстот, навиките на луѓето станаа толку дигитализирани што дури и одењето во банка за некои е застарено. Меѓу главните платформи, секој втор испитаник најчесто користи е-банкарство и дигитални плаќања (51 отсто), платформите за стриминг се на второ место (30 отсто), а потоа следат апликациите за нарачка и испорака на храна (17 отсто), додека само еден процент од популацијата користат апликации за транспорт со такси.

Речиси една третина од испитаниците од Македонија трошат од 600 до 900 денари месечно (26,5 отсто) за да вршат работи преку апликации или виртуелни платформи. Дигиталниот свет значително ја промени нашата секојдневна рутина бидејќи секој втор испитаник (56 отсто) користи онлајн услуги неколку пати на ден и речиси секој (99 отсто) тоа го прави преку смартфон.

Испитаниците ги разбираат придобивките од изборот на дигитални услуги. Речиси половина од учесниците во анкетното истражување ја имаат посочено „брзината“ како најважен фактор при одлучувањето за користење на виртуелни услуги (49 отсто), потоа „едноставноста“ со 27 отсто, „пристапноста“ со 22 отсто и на крај „безбедноста“ со помалку од еден отсто.

Денешниот потрошувач е подготвен да им даде приоритет на личната благосостојба и слободното време, наместо да прави сѐ пеш. На прашањето кој дел од нивниот живот значително ќе се подобри со поголема употреба на апликации и онлајн платформи, четворица од десет испитаници ја посочиле јавната администрација.

Во иднина, над една третина од испитаниците мислат дека нивните дигитални навики ќе се зголемат во работите поврзани со работата. На второ место се транспортот и здравјето (24 отсто) и финансиските услуги (20 отсто), како и купувањето, со истиот процент.

Ова покажува дека Македонците се прилагодиле на дигиталните светски трендови и сакаат да ги вклучат практичноста и придобивките од дигиталната технологија во нивниот секојдневен живот. Пристигнаа новите дигитални навики.

За Visa

Visa е светски лидер во дигитални плаќања, олеснувајќи ги трансакциите помеѓу потрошувачите, трговците, финансиските и владините институции во повеќе од 200 земји и територии. Нивната мисија е да го поврзат светот преку најсоодветната, најиновативната, најсигурната и најбезбедната платежна мрежа, овозможувајќи им на поединците, бизнисите и економиите да напредуваат. Ние веруваме дека економиите вклучуваат и подобруваат сѐ насекаде и ја гледаат достапноста како основа за идното движење на парите. Дознајте повеќе на Visa.com.


[1]Новото истражување „Нови дигитални навики“ беше спроведено во септември 2022 во Македонија, со вкупен бројод 299 испитаницина онлајн прашалник преку македонскиот онлајн медиум, Crnobelo.com.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА