НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Бензините и екстралесното одат нагоре за денар и половина, дизелот за денар
Објавено во: Економија 15 Март, 2021
Со новата одлука која ја донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика дизел горивото од полноќ ќе се продава по цена повисока за еден денар, а бензините и екстра лесното масло за домаќинство по повисока цена за денар и половина.
Ова е четврта недела по ред како се зголемуваат цените на горивата.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 57,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 46,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,211 ден/кг.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.