17 Мај, 2024
0.0317

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО НА ДРЖАВАТА - каматната стапка достигна 5,4 отсто

Објавено во: Финансии 12 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Ново задолжување на државата на домашниот пазар преку издавање на 15 годишни државни обврзници. Станува збор за вкупна сума на задолжување од 14,5 милиони евра, а каматните стапки по кои ќе се издадат овие 15 годишни државни обврзници достигнаа дури и до 5,4 отсто, што е ново зголемување во однос на каматите на државните обврзници кои претходно беа издадени во декември.

Инаку, за тоа дека државните обврзници се издадени извести Берзата, бидејќи од завчера тие се примени на котација на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Првите се државни обврзници  без девизна клаузула, а вредноста на емисијата е околу 508 милиони денари или 8,3 милиони евра. Датумот на издавање е крајот на ланската година, а датумот на доспевање е крајот на 2037 година. Кматната стапка на овие обврзници е дури 5,4 отсто, највисока досега за задолжувањето на државата. Вториот вид се државни обврзници со девизна клаузула, со вредност на емисијата од 379 милиони денари или 6,2 милиони евра. Нивниот рок е исто 15 години, а каматната стапка е 5,15 отсто.

Во декември лани државата се задолжи на вкупна сума од 18 милиони евра, а каматната стапка на тие обврзници достигна до 5 и до 5,2 проценти. Тоа, пак, е двојно повеќе од каматата која државата ја постигнала за своето задолжување дома во јануари годинава, кога каматната стапка на државните обврзници изнесувала 2,6 проценти.

Во ноември, пак, на берзанска котација дојде 15 годишна обврзница на сума од нешто над пет милиони евра. Нејзината каматна стапка беше 4,4 отсто, што тогаш се сметаше за многу висока стапка.

Врз основа на анализата што ја направи Фактор, може да се види дека првата државна обврзница што била издадена на почетокот на годинава каматната стапка изнесувала 2,6 отсто.

Државата има потреба од задолжувања поради големите буџетски расходи, а кои се предизвикани и во голем дел од енергетската криза која ја зафати државата.

Каматните стапки, пак, растат како последица на високата инфлација во земјава, поради што Народната банка во неколкуи наврати ја зголеми каматната стапка, а последното нејзино ниво изнесува 4,75 проценти.

Инфлацијата во земјава, пак, засега не покажува знаци дека брзо ќе се намали, бидејќи иако пикот и беше во октомври, таа покажа само сосема благо спуштање во ноември и декември, а во последниот месец лани таа повторно имаше двоцифрена стапка и изнесуваше 18,7 отсто.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!