05 Декември, 2025
0.0389

Ново продолжување на рокот за субвенции

Објавено во: Агробизнис 22 Септември, 2012 00:09

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, размислува за уште едно продолжување на рокот за аплицирање за субвенции. Според министерот Љупчо Димовски, причината за продолжувањето на рокот, е носењето на Законот за земјоделство и рурален развој. -Сакаме да помине Законот за земјоделство и рурален развој врз чија основа ќе може да се обезбедат услови за исплата на субвенциите за кои сме се обврзале пред земјоделците. Владата во два наврата на барање на земјоделците го продолжи рокот заклучно со 30 септември и достави до Собранието предлог за измени на Законот за земјоделство и рурален развој кој опозицијата не го поддржа со воздржаното гласање и законот не помина, изјави  Димовски. Продолжување на рокот за конкурирање за субвенции веќе побарале и земјоделските здруженија. Инаку според Програмата за финансиска поддршка  во земјоделството за 2012 година, субвенциите изнесуваат нешто повеќе од    112 милиони  евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?