Ново во Вип: Два нови ТВ канали достапни за сите нови и постоечки корисници
Објавено во: Мои пари 26 Септември, 2017 13:41
Вип со задоволство најавува збогатување на својата понуда со два нови телевизиски канали во Vip TV програмската листа. Од денеска, сите нови и постоечки корисници на Vip TV ќе можат да уживаат во филмскиот канал AXN и музичкиот STOP TV.
Сега, со воведувањето на филмскиот канал AXN, љубителите на филмските содржини ќе имаат можност да ги гледаат своите омилени филмови и серии со македонски превод, меѓу кои популарните акциони и крими серии Скорпија и Профилирање како и новата сезона од Тинејџер Врколак. Филмскиот канал AXN корисниците можат да го најдат на позиција 36додека музичкиот канал Stop TV на позиција 104.
Со Vip TV пакетите, корисниците имаат можност да приклучат повеќе ТВ приемници во својот дом, со што секој член од семејството може да ужива во својата омилена програма.
Повеќе информации за телевизиските канали на Вип можете да добиете на www.vip.mk или со јавување во Контакт центарот на 077 1234.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




