Ново зголемување на цените на горивата од полноќ
Објавено во: Економија 01 Јуни, 2022 15:38
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,11 % во однос на одлуката од 31.05.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,584%, кај дизелот за 4,856%, кај екстра лесното масло за 4,514% и кај мазутот зголемувањето е за 1,099%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3,00 ден/лит, малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува.
Од 2.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 107,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 109,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,50(денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 95,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,467%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




