15 Декември, 2025
0.0429

Новото банкарство за млади е тука! Zipp Club пакет од Комерцијална банка – бесплатно, забавно и полно со поволности!

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2025 10:21

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка го лансираше Zipp Club пакетот - нова и возбудлива програма за млади до 29 години со бесплатно банкарство и многу дополнителни бенефиции што ги следи енергијата, слободата и стилот на младоста. Наменет е за млади што сакаат целосно дигитално искуство комбинирано со ексклузивни попусти, награди, бенефити при патувања и учество во корисни иницијативи што го менуваат општеството.

Сè започнува со бесплатна Zipp Mastercard дебитна картичка, која е од еко пластика зашто се грижиме за животната средина и е во два различни супер дизајни.

Zipp Mastercard картичката носи специјални попусти во омилените продажни места означени како Zipp Spots, а секое плаќање со картичката, каде било во светот носи поени за кешбек или ваучери преку програмата BonusBox.

Освен бесплатната Zipp картичка, Zipp Club пакетот носи уште цел сет на одлични бенефиции за младите:

·  Бесплатно дигитално банкарство и платежна сметка за целосна контрола на личните финансии,

·  Бесплатни налози за плаќања кон факултет за партиципација, уписи, потврди,

·  Бесплатен роаминг интернет, пристап до VIP зони на над 1.500 аеродроми и попусти при патување во странство,

·  Модерни, брзи и лесни плаќања со Apple Pay, Google Pay, Garmin Pay, Плати на пријател, Подели сметка, а без потреба од паричник,

·  Посети на настани посветени на менталното здравје, финансиската писменост и други интересни теми,

·  Учество во наградни игри за концерти, патувања и многу други изненадувања.

Zipp Club е супер поддршка за секој млад човек затоа што добива современо банкарство, бесплатни услуги, безброј привилегии и многу забава.

„Во годината кога одбележуваме 70 години од постоењето на Комерцијална банка одлучивме да создадеме нешто што ќе донесе конкретен бенефит за нашата иднина, за младите, кои заслужуваат посебна поддршка. Со овој пакет кој е специјално креиран за нив сакаме да имаат лесен и модерен пристап до банкарските услуги, но и да се чувствуваат дел од заедница што создава позитивна разлика. Веруваме во нивната енергија и креативност и сакаме да им дадеме алатки и искуства што ќе им помогнат да ја обликуваат својата иднина“, изјави Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Zipp Club пакетот се активира веднаш преку Интернет банка или со пополнување кратко барање во експозитура на Комерцијална банка. Целосно е бесплатен за младите кои не се вработени, а за оние кои се вработени чини само 30 денари месечно.

Zipp отвора ново поглавје и во грижата за создавање подобро општество. Со секој отворен Zipp Club пакет, Комерцијална банка ќе засади дрво како „Зелен поБОРник“ и поддржувач на иницијативата Боренка за пошумување опожарени места во Македонија. Банката ќе издвојува и парични донации за проекти кои ги засегаат младите, а членовите на Zipp заедницата ќе гласаат кој проект да добие најголема донација. Ќе има и работилници посветени на менталното здравје на младите, финансиската едукација, кариерниот развој и на други интересни и корисни теми.

Zipp додава нова вредност во нашата мисија да бидеме вистински сојузник на младите. Преку бројни проекти, активности и пријатни изненадувања ќе ги поддржуваме во нивните први чекори кон самостојност, финансиска сигурност и исполнување на нивните цели.

Повеќе информации за Zipp Club се достапни на следниот линк.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон