05 Декември, 2025
0.0423

Новото име за премиум дом: Bespoke AI

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2025 16:20

Добивај вести на Viber

Во домот каде што владеат стил, ред и чувство за современ живот, секој избор зборува за вкус и визија. Samsung Bespoke AI не е само технологија – тоа е нов јазик на премиум живот, каде што уредите не се гледаат како апарати во домаќинството, туку како партнери што го прават секојдневието поелегантно, попаметно и повозбудливо.

Bespoke AI Jet Ultra: моќ, тишина и интелигенција во едно

Замислете го моментот кога конечно имате време за себе – а домот е веќе исчистен. Без напор, без бучава, без прилагодувања.Токму така функционира стик-правосмукалката Bespoke AI Jet Ultra. Со својот темен минимализам и архитектонска естетика, повеќе изгледа како дел од ентериерот, а не како апарат за домаќинство.

Но, зад таа беспрекорна тишина работи HexaJet мотор со екстремна моќ од 400 W. Практично, ќе ја почувствувате чистотата, но нема да ја слушнете. А батеријата до 100 минути ви дава слобода да го поминете целиот дом одеднаш – без да мислите дали ќе стигнете.Со AI 2.0 режимот, правосмукалката функционира како да ја познава секоја просторија подобро од вас.Кога ќе преминете од тепих во кујна, или од дрвен под во ходник – таа автоматски ја прилагодува моќта.Нема копчиња, нема паузи, нема дилеми. Само чистење што изгледа како да е планирано од личен асистент, при што секоја четка е создадена да биде функционална и визуелно беспрекорна.

  • Active Dual Brush: меки и гумирани влакна што совршено се справуваат со мешани подови.
  • Slim LED Brush+: ви покажува што се крие под каучот – и конечно го чисти без да го поместувате.
  • Ротациски чистач со спреј: за блескави тврди подови.
  • Надградба за миленици: спас за секој сопственик на маче или куче, посебно во сезоните на менување крзно.

Овие додатоци не се само практични – тие се продолжение на Bespoke јазикот на дизајн: функционалност што изгледа небесно убаво.

Но приказната да биде уште пофасцинантна, Bespoke AI Jet Ultra содржиХЕПА-систем за филтрирање на воздухот кој задржува дури и микроскопски честички прав, создавајќи чувство како да сте ја отвориле прозорската врата кон свеж планински воздух. Вашиот дом станува место што навистина дише со вас.

Bespoke семејството: премиум искуство во секој агол од домот

И за другите „домаќински“ активности Samsung мисли на вас збогатувајќи ја линијата Bespoke со еднакво толку модерни и напредни уреди за вашиот паметен дом:

Bespoke Family Hub фрижидер: смарт кујна што ве следи во чекор

Овој фрижидер не е само место за храна – туку и ваш дигитален асистент.
Со 21.5-инчен Full HD екран, тој станува табла за рецепти, календар за целото семејство, листа за купување и медиумски центар.Гответе додека гледате видео, правете список додека проверувате што недостасува – благодарение на вградените камери можете да ја видите внатрешноста од било каде.Иновативните системи за ладење на овј фрижидер ја задржуваат свежината на храната подолго, додека дизајнот внесува премиум изглед во секоја современа кујна.

Bespoke машини за перење со AI Wash: паметна грижа за вашата облека

Убавите алишта заслужуваат интелигентна нега.AI Wash технологијата сама ја одредува количината вода и детергент според ткаенината и тежината – штедите време, енергија и нерви.Со капацитет од 9 кг и A-55% енергетска класа, овааBespoke машина за перење алишта е создадена за модерни семејства што сакаат чистота без компромис и без прекумерна потрошувачка.

Ако на сите овие исклучително модерни и корисни апарати го додадеме и поврзувањето со Smart Things и апликацијата благодарејќи на која можете да ги следите и управувате од каде било од екранот на вашиот телефон или пак од вашиот Samsung TV, тогаш дефинитивно можете со задоволство да кажете „Ова е домот што отсекогаш го сакав.“

Ова е повеќе од технологија. Ова е стил на живеење.
Дом што ве слуша, реагира, се приспособува и изгледа беспрекорно – секогаш.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници