„Нула отпад“ доби дозвола за работа со отпадни батерии и акумулатори
Објавено во: Мои пари 26 Октомври, 2012 16:03
Kомпанијата „Нула отпад“ денеска доби дозвола за колективен постапувач со отпадни батерии и акумулатори. Дозволата е во согласност со Законот за управување со батерии и акумулатори и нивен отпад , со кој според Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, се уредуваат барањата за заштита на животната средина при производството на батериите и акумулатори, нивното пуштање на пазар и одговорностите на производителите кои учествуваат во тие процеси.
Амбасадорот на Кралството Шведска, Ларс Валунд, на чија иницијатива се реализираше и проектот за собирање стари батерии во поголемите маркети, истакна дека ќе продолжат со поддршката бидејќи менаџирањето со отпадот е еден од нивните приоритети. Тој нагласи дека кај македонскиот народ треба да се создаде навика за селекција на отпадот, а резултатите од спроведените проекти веќе се гледаат.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





