Добивај вести на Viber
Напорите да се постигне економска стабилност би можело да доведат до нова финансиска нестабилност, бидејќи замислете што ќе биде во 2015 кога да почнат затегнувањата на монетарната политика и растот на каматни стапки, вели Нуриел Рубини кој во јавноста е познат по своите негаторски ставови.
Слабоста на американската економија доведе до постојано висока стапка на невработеност и ниската просечна стапка на економски раст. Ефектите од фискалните мерки дополнително ја поткопаа ефикасноста на економијата на САД. Најновите податоци ги замолчеа дел од претставниците од Банката на федерални резерви кои велеа дека ФЕД наскоро ќе го заврши тековниот трет круг на квантитативно олеснување. Бавниот економски раст, висока стапка на невработеност и инфлација, која е многу пониска од целната, укажуваат на тоа дека ова не е време да се започне ограничување на ликвидноста, вели Рубини. Реалноста додава тој, е дека во наредните две години, кредитите и обврзници ќе достигнат нов врв поради лабавата американската монетарна политика.
Дури и кога Банката на федерални резерви ќе почне да ги зголемува каматните стапки на овој процес ќе биде бавен. Во претходниот циклус, Банката на федерални резерви имаше отреба од две години само за да се нормализира каматната референтна стапка. Сега, со многу поголема стапка на невработеност и голема задолженост на домаќинствата е уште потешко.
Ако финансиските пазари се вознемири сега, замислете што ќе биде во 2015-та кога ФЕД ќе почне стега, и во 2017 година кога процесот треба да заврши?- прашува Рубини.
Слабата реална економија и пазарот на труд, со висок долг, индицираат дека монетарните стимулации треба постепено да сеукинуваат, додава тој. Сепак, бавното напуштање на овие стимулации носи ризик од создавање на балон од заеми и средства кој би можел да биде со иста големина, можеби поголем од минатата година. Така, напорите да се постигне економска стабилност може да доведат до финансиска нестабилност.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.