Добивај вести на Viber
Економистот Нуриел Рубини за Блумберг изјави дека светската економија сега е соочена со нестабилност засилена со најавата на ФЕД за намалување, а потоа целосно укинување на програмата за зголемување на ликвидноста на домашните банки.
Тој смета дека ФЕД-от најверојатно повеќе нема да пумпа во домашната и светската економија огромни количини на долари како што го правеше тоа претходно.
Во делот на еврозоната, голем дел од земјите се под влијание од рецесијата, а во оваа состојба е и Велика Британија која не е членка на еврозоната. Јапонија, според Рубини, презема очајни мерки за да се избегне понатамошниот економски пад со помош на специјалната програма на мерки со цел драстично да се ослабе јенот.
Кина и Индија се соочуваат со значително забавување на економската активност. Така на пример кинескиот раст оваа година ќе се движи околу 8% , додека во Индија е намален на 5,7 отсто. Бруто домашниот производ од останатите три членки на БРИК - Русија, Бразил и ЈужнаАфрика се намали за околу три проценти што е само половина од претходниотекономски раст. Во такви ситуации според Рубини, пазарот се ориентира кон други фактори.
Довербата на инвеститорите во берзата и покрај влошените макроекономски индикатори е зголемена кон крајот на минатата година и почетокот на 2013 година, што делумно се должи на намалената опасност од распаѓање еврозоната, но исто така и намалените тензии во конфликтот околу реализацијата контроверзна иранска нуклеарна програма.
Сите оние што оптимистички гледат на блиската перспектива на глобалната економија веруваат дека светската економија, по долг период во кој главна цел беше да се намали државниот долг, сепак сега е на прагот на нов бум.
Според оценката на Рубини, чие мислење го пренесува Блумберг, во втората половина на оваа година, најбрзо растечки економии треба да се вратат во претходната форма.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.