18 Декември, 2025
0.0485

Обама директно ја обвини Русија во ОН, Лавров прашува: Дали е сериозен?

Објавено во: Свет 24 Септември, 2014 21:04

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Барак Обама во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации директно ја обвини Русија за ескалацијата на насилствата во Украина, за вооружување на проруските бунтовници и за недозволување пристап до локацијата на соборениот малезиски авион. „Тоа е визија за еден свет во кој да се има моќ значи да се биде во право, свет во кој една земја може повторно да ги исцрта границите на друга, а цивилизирани луѓе не можат да ги погребаат своите најблиски заради вистината која може да биде откриена. Америка застапува нешто сосема друго“, рече Обама. Тој нагласи дека единствениот начин на Русија да и бидат укинати меѓународните санкции е да го почитува мировниот план и да се повлече од источна Украина. Додека Обама зборуваше, во салата беше присутен и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој воопшто не го погледнал американскиот претседател додека говорел, туку се задлабочил во некои документи. Подоцна, сепак Лавров изразил отворено несогласување со говорот на американскиот претседател и изречените обвинувања. „Заработивме второ место на листата на закани за меѓународниот мир и стабилност. Број еден е вирусот на ебола, број два е таканаречената руска агресија врз Европа, а на трето место се Исламската држава и другите терористи“, рече Лавров. Според него, бизарно е што американскиот претседател неколкупати рекол дека светот станува послободен или побезбеден. „Не разбрав дали е сериозен или не“, иронично рекол шефот на руската дипломатија.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел