Обама: Грција треба да се реформира
Објавено во: Балкан, Економија 18 Април, 2015 11:51
Реформите кои се договараат меѓу Грција и доверителите, се многу важни, но земјата, како и целата еврозона, има потреба од одредена флексибилност, за да им се даде надеж на луѓето, изјави американскиот претседател Барак Обама.
„Грција треба да преземе реформи. Тие треба да собираат даноци. Тие треба да ја намалат бирократијата. Тие треба да имаат повеќе флексибилни работни практики“, посочи американскиот претседател на заедничката прес-конференција во Белата куќа со италијанскиот премиер Матео Ренци.
Истовремено Обама изјави дека и рекол на новата влада во Атина, избрана со ветување да стави крај на мерките за штедење: „Ние признаваме дека имате потреба да му покажете на својот народ дека има надеж и дека може да се постигне раст, и ние ќе поддржиме одредена флексибилност во начинот на кој одите напред, така што можете да направите и инвестиции, а не само да се стегате до последна капка“.
Обама ја повтори својата позиција дека „за време на толку ниска потрошувачка и знаци на дефлација, какви што гледаме во Европа во последниве години, зајакнувањето на побарувачката е исто така важно; важно е да има и одредена флексибилност во остварувањето на фискалните цели“.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




